Братот на легендарниот фудбалер и актуелен тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, Фарид, почина денеска по кратко и тешко боледување во 54 година од животот.
Таа е причина поради која Французинот ја напуштил базата на „кралевите“ на подготовките во Монтреал, Канада и се вратил во Европа. Смртта, според шпанска „Марка“, настапила утрово.
Тажната вест во семејството Зидан ја потврди и Реал Мадрид преку својата интернет страница за што сите фудбалери го почнале денешниот тренинг со минута молчење во знак на поддршка за својот менаџер.