НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребалансот на Буџетот доаѓа по руската инвазија на Украина, до крајот на годината ќе има уште еден, најави Бесими

0
By Sashko on June 14, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ребалансот на Буџетот за 2022 година доаѓа по инвазијата на Русија на Украина, што ги наруши пазарите во Европа, која е наш главен трговски партнер, а кај нас се одрази со зголемување на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите за што уште во март почнавме со подготовки на пакет мерки, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашното гостување на телевизија „Сител“.

„Ова што сега го правиме со ребалансот е одговор на тие мерки, значи приспособување во Буџетот. Иако имавме обезбедено само 50 милиони евра, како бафер, ние отидовме со пакет кој вредеше многу повеќе. Сега пренамените се усогласуваат во Буџетот, да се врати во делот на одржување на растот и поддршката. На пример, околу 11 милиони евра беа одземени од Програмата за поддршка на развојот, на инвестиции. Сега тие се враќаат. Потоа имаме 2,4 милијарди денари, кои одат за гарантирана минимална помош, предвидени се 32 милиони евра за земјоделството и други мерки“, рече Бесими.

Тој нагласи дека не се работи само за 76 милиони евра, кои стојат како бафер за програмата за антикризни мерки, туку многу повеќе.

Министерот Бесими додаде дека допрва ќе се дизајнираат и мерките за најранливите категории, како и за стопанството.

„Во ребалансот се опфатени промените во однос на минималната плата, предвидени се пет отсто покачување на платите во здравство и во полиција, седум отсто за наставниот кадар во високо образование, 15 проценти во судство и правобранителство и 15 отсто средно образование и градинките“, вели Бесими.

Министерот најави до крајот на годината да има уште едно прекројување на Буџетот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.