Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребалансот на Буџетот на пленарна седница

0
By Нова ТВ on October 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, кој содржи амандмани од комисиската расправа, од денеска е на пленарна седница. Според предложениот дневен ред е прва точка на закажаната за денеска 20.седница.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари и тие се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, имајќи предвид дека со претходниот ребаланс  беа проектирани на реално ниво, односно пониски за 11,5 отсто во однос на иницијалните проекции на Буџетот. Вкупните расходи, пак, се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари или се 4,1 отсто, односно за околу 10 милијарди денари повисоки во однос на планот.

Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,5 милијарди денари, односно 8,49 отсто од БДП.

Имајќи ги предвид настанатите околности, спроед предлагачот, извршени се промени во однос на иницијалните проекции на расходната страна на Буџетот на Република Северна Македонија, пред сè, за спроведување на активностите предвидени со четвртиот сет мерки.  Во овие рамки обезбедени се дополнителни средства во здравствениот сектор за активности кои директно придонесуваат во борбата против здравствената криза, а се однесуваат за набавка на лекови, имунизација на население и други неопходни средства и поддршка на вработените кои се директно вклучени во борбата против пандемијата.

Тековните трансфери се планирани на ниво од 177,3 милијарди денари или за околу 11,2 милијарди денари повисоки во однос на планот за 2020 година. Се однесуваат, пред сѐ ,на преземените мерки за обезбедување средства за имплементација на четвртиот пакет економски мерки донесени од страна на Владата за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а кои ќе имаат директен импакт врз реалната економија и директно помагање на приватната потрошувачка.

Согласно собранискиот деловник, расправата по ребалансот на пленарна седница трае најмногу пет работни дена и се очекува тој да биде донесен до другата недела по што ќе почне и реализацијата на четвртиот сет економски мерки.

На дневен ред  на оваа седница се и Предлогот за избор на судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, предлог законите  за ратификација на Дополнителниот протокол за привилегии и имунитети на Организацијата за црноморска економска соработка, на Протоколот за статусот на Меѓународните воени команди воспоставени во согласност со Северноатлантскиот договор, и на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот договор за статусот на нивните сили.

На седницата треба да се расправа и за и предлог законите за изменување на Законот за работните односи и на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка, Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, сите по скратена постапка, како и Предлог законот за изменување на Законот за приватно обезбедување во прво читање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

ВЕСТИ October 7, 2025

По убиството на судијата во Албанија, кого еден обвинет вчера го застрела во срце во…

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.