Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рецензија на МЗ на информацијата на НОВА?

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за здравство со реакција до редакцијата на НОВА за вчера објавената вест дека пациентите треба да платат 750 евра, доколку сакаат да се оперираат преку ред од катаракта(перде).

Во реакцијата стои дека е „лага и целосна невистина дека операцијата на катаракта чини 750 евра и сумата треба да ја плати секој граѓанин кој сака да се оперира“. Единствена вистина е се вели понатаму во текстот, дека Министерството промовираше план, проект со кој сериозно ќе се зголеми бројот на операциите, кои при тоа ги финансира државата.

Со тоа наместо досега предвидените 500 операции до крајот на годината ќе бидат изведени 1200 операции на катаракта. Ова ќе биде овозможено преку операции на пациенти во оделенијата во болниците во Штип, Битола, Тетово и Прилеп каде ќе се зголеми бројот на операциите , а ќе се намалат листите на чекање, некаде дури и до 40 проценти.

Во реакцијата во која ништо не демантираат, сепак признаваат дека министерот Тодоров одговорил на новинарско прашање за висината на цената од 750 евра за оваа интервенција која е утврдена и објавена пред повеќе од една година, а се однесува на пациенти кои сакаат да се оперираат преку ред.

– Наместо да биде поздравен фактот што за поголем број граѓани за пократок временски период ќе им биде извршена оваа операција, ние денеска имавме можност да прочитаме бескрупулозен спин кој се базира на обична лага и невистина која има единствена цел да девалвира една позитивна мерка на МЗ. Воедно ве известуваме дека не бараме да ја повлечете објавената невистина, напротив добро е што граѓаните имаат можност да ја прочитаат спинуваната вест на Нова ТВ која се темели исклучиво на невистина се вели во реакцијата на Министерството за здравство.

Иако не се работи за демант редакцијата на НОВА согласно законот за демант сепак, ја објавува реакцијата, но и појаснува дека:

НОВА во ниту еден момент во својата информација не кажа дека граѓаните задолжително треба да плаќаат 750 евра за да се оперираат од катаракта, туку дека тоа можат да го направат доколку сакаат да се оперираат преку ред, преку дополнителна дејност на лекарите како што веќе објавивме Оваа информација впрочем беше објавена уште на неколку други портали.

Според правилата и стандардите во новинарството, проценка на редакцијата е со што ќе ја започне информацијата Со оглед на тоа што долгите листи на чекање за операција на Клиниката за очни болести се голем проблем за пациентите, сметавме дека приоритет треба да се даде на тој момент, а не на нешто што ќе се случува во иднина и сеуште не е реализирано. На оваа клиника листите за чекање се огромни, а пациентите од кои најголем број се стари луѓе и пензионери со мали примања, се принудени да чекаат за да си ја обезбедат оваа здравствена заштита која им следува со закон. Тоа се гледа и од изјавата на доктор Дејан Ставриќ кој во разговор за НОВА пред извесно време изјави дека на клиниката за операција се чека од една до шест години.

Сите други податоци кои се презентирани на прес конференцијата, а се однесуваат на проектот со кој се планира да се зголеми бројот на операциите, се содржани и во информацијата на НОВА но, по редослед како што налагаат правилата на професионалното новинарство. Затоа, се прашуваме дали смислата оваа реакција на Министерството треба да се разбере како рецензија на текстот и упад на државните институции во автономијата на медиумите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.