НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Речиси 200 Руси добија црногорско економско државјанство, инвестирале над 50 милиони долари

0
By НОВА ТВ Balaban on March 21, 2022 РЕГИОН
Фото: balkaninsider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По Русија, најмногу „почесни“ граѓани доаѓаат од Кина – 19, потоа од Украина и Либан – по 14.

Во периодот од 7 декември 2020 година до 15 февруари годинава, преку програмата за економско државјанство, усвоена од Владата на Црна Гора – државата инкасирала повеќе од 73 милиони евра, од кои две третини или 50 милиони инвестирале руски граѓани, пишува подгоричка „Побједа“.

Според Центарот за граѓанско образование (ЦГО), Владата на Здравко Кривокапиќ доделила вкупно 317 почесни државјанства, од кои дури 293 се економски. Бидејќи програмата вклучуваше давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои инвестираат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора, тоа значи дека државата за таа програма инкасирала меѓу 73 милиони и 250 илјади евра и 131 милион и 850 илјади евра.

Владата, се наведува, не соопштува за кои проекти добиле државјанства, а невладиниот сектор предупреди дека обичните граѓани немаат корист од тие пари.

Од 317 почесни државјанства, дури 307 ги предложи премиерот Здравко Кривокапиќ, а останатите 10 се непознати.

Со самото тоа што не се знае кој е предлагачот, се прекршува законот за државјанство, бидејќи според член 14 тоа можат да го направат само тројца претседатели: на државата, на Собранието и претседателот на Владата.

Владата додели најмногу почесни државјанства на луѓето кои доаѓаат од Русија – дури 198, а сите тие државјанства се дадени врз основа на економска програма – покажуваат податоците на ЦГО.

По Русија, најмногу „почесни“ граѓани доаѓаат од Кина – 19, потоа од Украина и Либан – по 14.

Девет почесни државјанства добија лица од Србија, Казахстан и Узбекистан, додека 45 лица од сите други земји на овој начин добија црногорски пасоши. 

200 Руси добија економско државјанство црногорско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.