Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Редок случај: Родени слончиња-близнаци во Тајланд

0
By Marija Todorovska on June 14, 2024 ИЗБОР
Foto: APnews
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Азиска слоница чувана во средишен Тајланд, роди близнаци – машко и женско младенче. А пак, вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми.

Чамчури – 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. Близнаците се случуваат само кај еден отсто од окотувањата кај овие слонови, според истражувачката организација „Спасете ги слоновите“, а машко-женските близнаци се уште поредок случај.

Со тежина од 55 килограми, женското слонче е малку помало од вообичаеното и мора да стои на помошен стол додека се храни од својата мајка. Нејзиниот брат со 60 килограми е потежок.

– Отсекогаш сме сакале да видиме слончиња-близнаци, но не секој може да го види ова, бидејќи не се случува често, изјави ветеринарката Лардтонгтаре Мипан, која пораснала на оваа фарма за слонови и самата е мајка на близнаци.

Слонот е национално животно на Тајланд и се смета за свето животно, според будистичкото верувања. Тајланѓаните уште во древноста имале свештено-блиска поврзаност со слоновите, поради нивната употреба како воени животни на бојното поле, за пренос на земјоделски производи, исечени трупци од шумата и друг товар.

Близнаци слончиња Тајланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.