Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Референдум за диктатура

2
By Светлана Јовановска on April 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Недела ќе биде ден на одлука во Турција.

На 16 април се одржува референдумот на кој Турците ќе треба да кажат дали се согласуваат на нивниот претседател Реџеп Таип Ердоган да стане вистински султан како што веќе многумина го нарекуваат.

И дали турскиот авторитарен систем што го воведе Ердоган се претвора во вистинска диктатура. Систем што францускиот специјалист по политичка социологија Жан-Франсоа Бајар го дефинираше како национал-либерализам: либерализам за богатите и национализам за сиромашните.

Предложените промени се состојат од 18 измени на Уставот помеѓу кои најважната има за цел да му даде поголема моќ на новиот егзекутив и да ја укине функцијата премиер со што Ердоган би можел да остане на власт најмалку до 2029 година.

Десетици илјади луѓе излегоа на еден од досега најголемите митинзи на Ердоган, пред една недела. Качувајќи се на бината Ердоган извика:

“Дали сакате на 16 април да кажете “да” за силна Турција? Дали сакате голема Турција? Дали ќе и кажете “да” на стабилноста?.”

На што толпата се разбира одговори со громогласно “да”.

На два дена пред гласањето експерите велат резултатот ќе биде тесен. Последните анкети велат дека 51 отсто би гласале “да” а 49 отсто “не”.

Аналитичарите на германскиот Маршал фонд во Анкара, велат дека кампањата за референдумот не била ни фер ни слободна. Владата користела државни пари, биле заплашувани граѓанските организации и медиумите не биле балансирани.

“Предложениот систем ќе води во концентрирање на моќта во рацете на претседателот со многу малку рамнотежа. Претседателот ќе ја има сета извршна власт и власт врз законодавната и судската власт”, вели Маршал фонд.

Доколку Ердоган го добие саканото “да” на референдумот, ќе продолжи со репресија врз неистомислениците, судиите, новинарите. Патем, во Турција во затвор има најмногу новинари од било која друга земја.

На споменатиот митинг Ердоган ги нападна оние кои не го поддржуваат и оние кои би гласале “не”. Тие, според Ердоган, се приврзаници на Фејтула Ѓулен за кој претседателот тврди дека е организатор на неуспешниот воен удар од 15 јули 2016 година. Или се прврзаници на Работничката партија на Курдите кои за Ердоган се “терористи” и сојузници на западните земји.

Ако некој гласа “не”, рече Ердоган, тоа ќе значи дека се противи на инфраструктурните проекти и модерна Турција.

Успешен референдум ќе значи веројатно и затегнување на ионака лошите односи со ЕУ.

Европјаните велат дека нема да преговараат и да бидат партнери со авторитарен или диктаторски режим што ги уништува шансите за продолжување на преговорите за членство со Турција и европските ветувања дека ќе го укинат визниот режим за оваа голема земја.

На што Турците одговараат дека без безвизен режим за турските граѓани, Анкара може да ги ревидира или го прекине договорот за мигрантите, вели турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Според него, спогодбата за мигрантите и визната либерализација се во еден пакет. Па така ако останат визите, Турција ќе ги прати мигрантите во ЕУ. Закана од која ЕУ има вистински уплав.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.