На референдумот „за“ или „против“ отворање на рудник на нивна територија, граѓаните на Дојран денеска рекоаа „не“ за рудникот Казандол и за најавите за нови рудници.
Општинската изборна комисија вечерва ги соопшти резултатите од референдумот: излезност 51,22 % или 1.407 од 2.747 регистрирани гласачи. На референдумот излегоа доволен број на гласачи за да биде успешен (цензусот е 50%+1).
Против продолжување на изградбата на рудникот Казандол гласале 1.336 жители (94,95%), а само 51 гласач биле за рудникот (3,62%).
Против отворање на нови рудници на територијата општината (второто прашањеод референдумот) биле 1.340 гласачи.
Референдумот беше распишан на барање на граѓаните. На територијата на општината дадена е концесија за експлоатација за потенцијалното отворање на рудник Башибоз на планината Беласица.

