Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регионалната соработка во фокусот на средбата Димитров – Брегу во Белград

0
By НОВА ТВ on October 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на маргините на првиот ден од Белградскиот безбедносен форум, вчера, одржа средба со генералната секретарка на Советот за регионална соработка – РСС, Мајлинда Брегу на која главениот фокус беше унапредување на регионалната соработка како механизам за европеизација на регионот и придвижување во процесот на европска интеграција.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Димитров истакна дека регионалните иницијативи се исклучително значаен сегмент на процесот бидејќи го претставуваат регионот во конструктивно светло.

–Регионот треба да делува на начин што ќе испрати порака дека со членството во ЕУ ќе испорача повеќе решенија отколку проблеми, ориентираност кон иднината наместо кон минатото. Поврзувањето на земјите од регионот и заемната поддршка за остварување на целите и интересите носат директни бенефити за граѓаните, но се и важен стратешки чекор во исполнување на заедничката определба за европска иднина, истакнал Димитров.

Генералната секретарка Брегу, се наведува, нагласи дека европската интеграција на регионот е крајната визија на активностите на РСС и го посочи придонесот на Северна Македонија за просперитет и стабилност во регионот што мора да биде валидиран во контекст на процесот на пристапување бидејќи испраќа важна порака кон останатите земји.

Состанокот послужи за пресек на напредокот на Западниот Балкан и исполнувањето на стратешките цели на РСС како платформа за реформска трансформација на регионот, како и статусот на конкретните проекти. Беа дискутирани и наодите од последното издание на Балкан Барометар 2021 објавено во јуни, стои во соопштението од СЕП.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.