Во севернокорејскиот град Кесонг е прогласен целосен карантин, откако едно лице за кое се сомнева дека е заразено со коронавирус нелегално ја минало границата, изјави лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-Ун.
Ова е првпат од почетокот на глобалната пандемија Северна Кореја да пријави дека постои коронавирус на нејзината територија.
Ким Џонг-Ун свикал анти-епидемиолошки состанок за да „преземе превентивна мерка за целосно блокирање на градот Кесонг и изолирање од 24 јули на секоја одделна област од другите“, наведува државната агенција КЦНА.
Властите ќе се обидат да ги следат сите контакти на заболениот од Ковид-19 во последните пет дена.