Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рејтингот на Бајден на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат

0
By НОВА ТВ on October 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По девет месеци претседателствување во Белата куќа, рејтингот на Џо Бајден е исклучително низок, покажа најновата анкета на Галуп, јави дописникот на МИА.

Според истражувањето, 42 отсто од испитаниците ја одобруваат работата на американскиот претседател, што е најниско ниво досега од почетокот на неговиот мандат и втор најнизок рејтинг за еден претседател во речиси пет децении откако Галуп почна да ја спроведува оваа анкета.

Според Галуп, по 272 денови претседателство рејтингот на Бајден е 42 отсто. Рејтингот на неговиот претходник Доналд Трамп по 283 денови претседателствување бил 37 отсто, додека по 271 ден во фотељата – Барак Обама имал поддршка од 52 отсто. Според Галуп, по сличниот период во Белата куќа, претходните претседатели имале рејтинг од 88 отсто (Џорџ Буш-помладиот), 47 отсто (Бил Клинтон), 70 отсто (Џорџ Буш), 53 проценти (Роналд Реган) и 54 проценти (Џими Картер).

Набљудувачите коментираат дека причините за вака нискиот рејтинг на Бајден се јасни. Се работи за врзоп од настани како катастрофалното повлекување на американската војска од Авганистан, порастот на нови случаи на Ковид-19 поради Делта варијантата, тековните проблеми со снабдувањето на повеќе стоки и технички делови и постојаната затегнатост меѓу претседателот и демократите за усвојување на голем дел од неговата домашна агенда.

Трите главни закони кои поодамна се на дневен ред за усвојување се законот за инфраструктурата, законот за гласачките права и амбициозниот план за социјална сигурност.

Во изминатиот период интересно е тоа што постои внатрепартиска неусогласеност и се кршат копјата околу планот за инфраструктурата и за социјалната сигурност. Според некои набљудувачи, ако на Бајден и демократите, кои се мнозинство и во двата дома на американскиот Конгрес, им успее да изнајдат компромис околу овие два важни закони за кои се планирани да се потрошат 3.5 трилиони долари, тоа ќе го подобри рејтингот на претседателот.

Олеснителна околност е дека трендот со нови случаи на инфекции од Ковид-19 оди во надолна линија, и ако тоа продолжи Бајден може да се надева на повисоко одобрување меѓу генералната популација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.