Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рекордни бројки на новозаразени – Европа „под клуч“

0
By Нова ТВ on October 24, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европа се гуши во пандемијата на Ковид-19 и се повеќе земји воведуваат полициски час, бројот на заразени три милиони е надминат во Шпанија, а Централна и Источна Европа соборуваат рекорди по бројот на новоинфицирани, објавија агенциите во петокот.

Во неделата до 16 октомври, Англија имала скоро 35.000 нови случаи со коронавирус секојднвно, во споредба со околу 27.900 една недела порано. Од 17 часот по средноевропско време, повеќе од три милиони жители на Велс ќе мора да „останат дома“ до 9 ноември. Велс на тој начин ќе биде првата британска покраина што ќе прибегне кон мерката карантин.

Сите невитални продавници ќе се затворат, а учениците од основните училишта и некои класови од средните училишта ќе можат да се вратат на училиште на почетокот на ноември, по завршувањето на училишните одмори. Владата на премиерот Борис Џонсон се обидува да избегне целосен карантин во Англија, но од сега околу половина од населението, 29 милиони живеат под различни локални ограничувања.

Шпанија – 3.000.000 заразени

Во Шпанија, вкупниот број случаи на Ковид-19 надмина три милиони, објави премиерот Педро Санчез. Регионалните власти на Мадрид денес објавиле дека забраната за собирање помеѓу полноќ и шест часот наутро ќе стапи на сила во сабота. Неколку шпански региони размислуваат за воведување полициски час за спречување на пандемијата, но премиерот во петокот не ја објави мерката, но ги повика граѓаните да се однесуваат одговорно.

Полска – црвена зона

Од саботата, цела Полска станува „црвена зона“, со делумно затворање на основните училишта и рестораните. Полска за 24 часа забележа 13.632 нови случаи, што е рекорден број за еден ден, соопшти Министерството за здравство, а во исто време Владата објави дополнителни мерки за спречување на Ковид-19, болест предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2.

Бројот на загинати падна на 153 истиот ден, од рекордните 168 претходниот ден. Полските власти одлучија да ги затворат сите кафулиња и ресторани за две недели, а јавните собири да се ограничат на пет лица. Половина од земјата, особено големите градови со околината, се „црвени зони“ од минатата сабота, а сега мерката е проширена на целата земја.

„Од сабота, цела Полска станува црвена зона“, објавил премиерот Матеуш Моравиецки на виртуелната прес-конференција.

Франција – полициски час за 46 милиони

Француската влада воведува полициски час во две третини од државата, на 46 милиони луѓе заклучно со петокот навечер за шест недели, по рекордните 41.622 нови инфекции за еден ден. Вкупно, бројот на заразени надминал еден милион. Во Европа, само Шпанија и Русија ги имаат тие бројки. Пред една недела бил воведен полициски час во Париз и осум други градови во Франција, а сега се проширува на уште 38 други области со полициски час од 21:00 до 06:00 часот.

Холандија – нов рекорд од 10.000

Бројот на лица заразени со коронавирус во Холандија скокна за скоро 10 000 за 24 часа, што е нов рекорд, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје во петокот. Владата вовела делумни мерки за затворање на 14 октомври, вклучително и затворање на сите барови и ресторани во земјата.

Швајцарија – повеќе од 100.000 заразени

Швајцарија, земја со 8,6 милиони жители, во петокот имала нов рекорд на инфекции со Ковид-19, па влегла во клубот на 50 други земји каде вкупниот број на заразени надминал 100.000. Вкупниот потврден број на заразени во Швајцарија и соседното кнежевство Лихтенштајн се зголемил за 6.634 на 103.653, а бројот на смртни случаи за десет, со што вкупниот број достигна 1.877 смртни случаи, соопштилездравствените власти.

Чешка

Премиерот Андреј Бабиш побарал оставка од министерот за здравство Роман Примула откако била објавена фотографија на која се гледа како министерот излегува од ресторан кој требало да биде затворен. Чешката Република во четвртокот имала 14.150 нови инфекции, нешто помалку од рекордните 14.960 ден претходно, според податоците на Министерството за здравство. Чешка се бори со најголем пораст на случаи во Европа и од март досега забележала вкупно 223.065 случаи. До четвртокот починале вкупно 1.845 лица заразени со коронавирус.

Белгија

Со повеќе од 270.000 заразени и 10.500 мртви, Белгија, со 11,5 милиони жители, е меѓу земјите најсилно погодени од вирусот во однос на популацијата. Провинцијата Лиеж станала најтешката зона во средината на октомври.

Италија

Италијанскиот регион Кампанија вовел блокада и ја повикува националната влада да го следи нејзиниот пример. Дневниот број на инфекции во Италија расте од почетокот на месецот и во четвртокот достигнал рекордни 16.079 и се стравува дека ќе излезе од контрола во таа земја, која е меѓу земјите со најголема стапка на смртност од Ковид-19.
Италијанските региони Лацио и Кампанија започнале со полициски час во петокот, на денот кога стапи на сила во северната провинција Ломбардија.

Португалија

Воведена е блокада во три северни окрузи, а ограничувањата на движењето се воведуваат низ целата земја за следниот викенд кога се слави Денот на мртвите.

Грција

Воведен е полициски час во Атина и другите региони. Стапува на сила во сабота и се применува од 00:30 до 05:00 наутро.

Русија

Руските здравствени власти во петокот потврдиле 17.340 новозаразени, од кои 5478 во Москва. Од почетокот на пандемијата во Русија, 1.480.646 лица биле заразени со коронавирус. Во последните 24 часа починале 283 лица, а вкупниот број на смртни случаи достигна 25.525.

Германија

Во изминатите 24 часа биле потврдени 11.424 новоинфицирани лица, што сугерира дека состојбата е стабилна и под контрола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.