Во источен Сибир измерене е најниска температура во едно населено место – рекордни минус 68,7 степени Целзиусови.
Источносибирското село Ојмјаком, го нема на туристичките мапи, но тоа е најладното населено место на земјината топка.
Жителите велат дека во последно време зимите се потопли и температурата се движи меѓу минус 40 и минус 50 степени. Во Ојмјаком живеат 500 жители.