Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ременски:Вработени во МВР молчат-се плашат за својата работа

0
By Нова ТВ on August 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако вчера потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски на својот Фејсбук профил ја објави информацијата за нефункционирањето на електронските здравствени картички за вработените во МВР и дека Уверенијата за браните по наредба на министерот за здравство не важат од октомври 2012 година, во инбокс, на телефон и на ѕид започнале да и пишуваа многу полицајци.

>>Ременски: Дали решенијата за бранители се тоалет хартија?

„Нивните пораки имаа различна содржина, но доминантни беа оние во кои се изразува револт кон Македонскиот полициски синдикат и неговата инертност да застане во заштита на правата на полицајците, не само сега туку и за многу работи претходно“, напиша на ФБ денеска Ременски. Еве ја нејзината објава:

– Сите се незадоволни и фрустрирани од начинот на раководење, од компетентноста на луѓето што ги раководат, од начинот како се унапредуваат и распоредуваат, од баналоста и тенденциозноста на дисциплинските постапки, од игнорирањето и толерирањето на корупцијата и криминалот во полициските редови, од невиденото ,,колегијално кодошење“, од неважењето на законот и правилата во МВР, од импровизациите, од селективната правда, од застрашувањата и заканите со откази, од пијани раководители кои тренираат дисциплина, од сенилна внатрешна контрола која гледа се` само тоа што треба не, од платени и натплатени прекувремени часови работа на луѓе кои не виделе работна масаво часовите кои им се плаќаат, од усните наредби кои оддамна не важат, за искинатите униформи, од 5 години неисполнетите обврски секоја година МВР да им подели униформи и средства за работа, од расипаните возила кои ги оставаат на сред пат до работа и до дома, од ароганцијата на г-ѓа министерка која министерската говорница ја претвори во прес центар на ДПМНЕ, од неписменоста на спроведувачите на лустрацијата, од глувоста на нивните колеги во контраразузнавањето кои заради лични интереси не застануваат во одбрана на нивни колеги и нивната долгогодишна работа, од немањето чувство од внатре дека работата на МВР не завршува со нивното пензионирање, од неизвесноста од нивната финансиската стабилност, од протекционизмот во стипендирањето за високо образование, од шефувањето на луѓе вработени вчера ….

– Сите до еден ги прашав: Зошто молчите? Од кого очекувате да зборува наместо вас, ако тоа не го прави вашиот синдикат кој годишно од вашата плата касира повеќе од 350.000 евра? Зошто не ги отповикате вашите гласноговорници кои гласно молчат за се? Зошто не побарате одговори за неисполнувањето на вашите основни права од работен однос? Зошто под притисок се откажавте од парите кои требаше да си ги добиете од 2008 година со бруто платата, не ви ги исплатија, ама некој ги пресметал дека сте ги зеле? Зошто не барате одговор за што уште може да ги користите вашите уверенија за бранител, ако оддамна не важат таму каде што најмногу ви требаат – во образованието и здравството? ….

– На овие прашања добивав различни одговори, но едно им е заедничко, дека сите се плашат за својата работа, да не останат и со тие малку пари-плата што ги земаат, да не бидат распоредени на пониски работни места и слични причини …

– Драги полицајци, колку и да ги знам вашите проблеми, колку и да ги разбирам вашите стравови …, сепак сакам да ве охрабрам и да ви укажам дека вие сте тие, првите кои треба да застанат во одбрана на своите права, а потоа тоа да го барате од синдикатот и од другите кои зборуваат во ваше име. Многумина неосновано забеежуваат дека не сакале политика од нивните проблеми. Јас ве уверувам дека никој, ама баш никој не прави, ниту пак сака да прави политика од вашите (не)права. Напротив, сакам да ве охрабрам не некој, туку вие да ја поведете битката, а сите кои ве поддржуваат да ве поддржат и да ви се приклучат. Но, не заборавајте дека кога ќе го убиете и најтивкиот гласник кој зборува во ваше име и со ваш глас, ќе останете сами на гиљотината на која нема кому да подадете рака, зошто многумина околу вас нема да ве препознаат какос вои колеги …

– Додека г-ѓа министерка во своето неделно интервју како тазе невеста зборува за бракот, детските болести, лустрацијата и за тие кои зборувале за неа, за медиумите, за идентитетот, и доминантно ја покажа својата опседнатост со опозицијата …., не е лошо да ви одговори за уверенијата за бранител, за здравствените картички, за критериумите за нпредување, за листите за вработување по клуч, за парите што ви ги должи, а ве замоли да не тужите зошто ќе ви ги исплателе …., и уште на многу други прашања што нема јас да и` ги поставувам, туку вие – полицајците ….

– До тогаш ќе слушате секакви наредби, од секаква мотивираност, ќе стоите со панцирите пред секакви протестанти, а граѓаните ќе го чекаат денот кога професионалните полицајци (ако останат до тогаш), да ги спуштат штитовите и да му се придружат на народот, бидејќи сигурно се сеќаваат на нивната заклетва „ние сме од народот, и му служиме на народот!“ …

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.