Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рената Салецл на КРИК фестивалот: Светот го очекуваат нови болести

0
By Нова ТВ on December 4, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со предавањето и разговорот со Рената Салецл, филозоф, социолог и правен теоретичар, една од најзначајните словенечки интелектуалци, денеска заврши првото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, организиран од реномираниот културолог Искра Гешоска.

– Среќна сум што Ви се обраќам во време кога вашата земја директно се соочува со многу комплицирани избори, но нема да говорам за таа тиранија на изборот која ќе ја имате идната недела, туку воопшто за општествата во кои денес живееме и кои се обидуваат да се соочат со своите избори.

Се уште живееме во време во кое константно сме бомбардирани со идејата за избор, со идејата дека секоја индивидуа посебно, е способна да направи рационален избор, што ќе донесе некој посакуван резултат. Веќе сигурно знаете за изборот на изразот на годината според тимот на Оксфорд речникот: пост- вистина. Нивното објаснување е дека два настани оваа година, референдумот во Велика Британија за членстовот во ЕУ и претседателските избори во САД ни покажаа дека при изборот фактите се помалку важни од емоциите на гласачите, а со тие емоции си играат популистичките дискурси – рече Салецл.

Според неа, со сите можности што ни ги нуди интерент, луѓето живеат во свет што постојано се ограничува, каде што вашиот поглед личи на еднонасочен тунел, без размена, па така изненадени сме од сосема спротивните мислења во општеството кои се случуваат паралелно.

Во време кога најголем број дневни информации, луѓето денес, особено младите, ги добиваат преку фејсбук, кој стана најзначен канал за информации, интересно е да видиме каков е тој нов тип на незнаење. Новите медиуми наместо канали за размена на мислења се претворија во канали за спречување да се случат социјалните промени. Социјалните мрежи често ги трансформираат социјалните проблеми во слогани кои лесно ги мобилизираат луѓето во нивните блиски системи за информирање, односно до нив допираат мислењата само на оние со кои и онака веќе се согласуваат.

– Главниот проблем на нашето општество денес, не е само тоа што луѓето имаат многу малку контакт со спротивните политички ставови, поради устријството на социјалните медиуми, туку и што се’ помалку се интересираат за фактите.

За време на претседателските избори во САД, новинарите потрошијаа голем број часови да откријат факти за изјавите на Доналд Трамп. Еден новинар од “Торонто стар“ секоја вечер наоѓаше по пет невистинити работи кој Трамп ги кажал, што би било околу 500 лаги за време на целата кампања. Но оваа верификација на фактите воопшто не беше важна. Тоа не го смени мислењето на поддржувачите на Трамп.

Проверката на фактите не ги интересираше луѓето. Во јавната, општествената сфера константно сме соочени со одрекување, негација и разни облици на самозалажување. Вообичаено, политичарите се мајстори на самозалажувањето.

На пример, поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постојано ја одрекуваше опасноста од климатските промени, да не ја заборавиме неговата реченица дека „воопшто не е јасно дали постои такво нешто како глобално затоплување“. Орвел веќе не’ предупреди дека политичарите ќе ги повторуваат работите во кои сакаат да поверуваме. Тој направи и список на тие зборови со кои политичарите сакаат да не’ излажат, треба да сме особено претпазливи кога ги кажуваат зборовите: демократија, слобода, патриотизам, реално и правда. Во време на предизборна кампања сигурно често ги слушате овие зборови – рече Салецл на вчерашното предавање во Даут Пашин амам.

По предавањето, се одржа разговор со Салцл, кој го водеше проминентната филозофка и професорка Катерина Колозова.

Рената Салецл е една од најзначајните мислителки во регионот и меѓународно. Филозоф, социолог и правен теоретичар од Словенија, кој успева да создаде провокативно проникнување помеѓу критичката теорија, политичката филозофија, постструктуралистичката психоанализа, правото, политиките на телото и на масите.

Таа е истражувач на Институтот за криминологија, на правниот факултет на Универзитетот во Љубљана и е професор на Birkbeck College, University of London. Таа исто така била визитинг професор на London School of Economics. Секоја година предава на тема психоанализата и правото, на Benjamin N. Cardozo School of Law во Њујорк, а предава и на курсеви за неврологија и право. Од 2012, таа е визитинг професор на одделот за општествени науки на Health and Medicine at King’s College London. Нејзините книги досега се преведени на тринаесет јазици.

Во рамките на првото издание на КРИК фестивалот, годинава се одржа филмски фестивал за човекови права, две меѓународни изложби, една меѓународна конференција, промоции, работилници, перформанси и презентации, учествуваа 55 уметници, писатели, теоретичари и културни работници од Хрватска, Бугарија, Србија, Германија, Турција и Македонија.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.