Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реорганизација: Министерство за култура и туризам – каде е логиката?

0
By Marija Todorovska on June 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 20, 2024 10:17

БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА / ЦИВИЛ МЕДИА

Со новотo реорганизирање на владините ресори, ВМРО-ДПМНЕ воведува, разделува или спојува нови министерства. Со ваквиот реформски пристап од 16 министерства, новата Влада ќе ја сочинуваат 20 министерства. Четири нови министерства!

Едно од министерствата кое се проширува е Министерството за култура кое во своите ингеренции ќе го има и туризмот. Според овој план, новиот министер на Министерството за култура и туризам ќе биде најверојатно актерот Зоран Љутков.

Како и за останатите спојувања и одвојувања на министерствата, се отвори и прашањето зошто е потребно Министерството за култура да се надополни со туризам.

Носител на Законот за туристичка дејност со кој се уредуваат условите и начинот за вршење на туристичката дејност до сега беше Министерството за економија. Со спојување на туризмот со култура, одвојување на енергетика, рударство и минерални суровини во посебно министерство, на Министерството за економија како надополнување на одземеното му се додава труд, а тоа, пак, се одвојува од социјалните политики.

Ваквите комбинаторики, наместо да го намалат, го зголемија бројот на министерства. Со тоа се отвори и прашањето за политичките компромиси кои ги направи Мицкоски за да дојде на власт, наспроти изборните ветувања. ВЛЕН, Движењето ЗНАМ и останатите претставници од коалицијата „Твоја Македонија“, мораа да добијат дел од колачот за укажаната „доверба“ кон ВМРО-ДПМНЕ.

Да се вратиме на новото Министерство за култура и туризам.

Логиката на спојување постои или не?

Министерството за култура до сега се грижеше за основите на културата како темелна вредност, облиците на остварување на културата, начинот и условите на нејзиното финансирање, како и други прашања од интерес за културата, што опфаќа и творештво, објавување на уметничкото творештво и заштитата и користењето на творештвото. Следствено на тоа, развојот на туризмот со подобрување на стандардите на туристичката понуда би одел во насока на подобрување на конкурентноста на туристичката понуда во земјата, преку креирање на поволна бизнис клима и зголемена валоризација на културните, па и природните богатства. Но, туризмот не е само тоа, особено ако се земе предвид текстот на важечкиот Закон за туристичка дејност. Со оглед дека угостителството оди рака под рака со туризмот, за очекување е тие ингеренции да му се одземат на Министерството за економија и да ги преземе новото Министерство за култура и туризам.

Турција, Кина, земји како Тринидад и Тобаго, Британска Колумбија,  Виетнам, Ирска или Сиера Леоне имаат свои Министерства за култура и туризам. Некои, како на пример Ирска, дополнително го прошируваат со спорт, уметност и медиа. Ако се задржиме во рамките на регионот, Хрватска има Министерство за култура и медиуми, Босна и Херцеговина за култура и спорт, Србија Министерство за култура и информирање, додека Албанија во состав на владата има Министерство за економија, култура и иновации.

Но Хрватска има 11 министерства, Албанија има 16 министерства, додека Србија има 27 министерства. Се разбира, предвид треба да се има и нивното политичко уредување.

Затоа, спојувањето на културата со туризам кај нас е само илустративен пример за гломазноста или „плаќањето долгови“ на новата Влада. А веројатно и за друг вид политичко маневрирање.

За потсетување: Сиљановска ја нарече „коњски кабинет“ владата со 16 ресори, сега пред неа е законот за реорганизација на влада со 20 ресори 

Да ја цитираме Сиљановска Давкова, сега претседателка, кога во 2019 година изјави: Треба да сме скромни. Во владата има премногу министерства, министри, заменици министри, советници, тоа е “коњски кабинет”.  Тогаш, со помош на ВМРО-ДПМНЕ, изгуби од Стево Пендаровски. Сега, со помош на ВМРО-ДПМНЕ, победи и од позиција на претседателка ќе го потпише указот за Законот за организација и работа на органите на државната управа, за влада со 20 ресори, наспроти жестоките критики во минатото за влада со 16 министерски позиции. Што би се рекло, добро одигран потег на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кабинетот на Претседателката укажува дека Законот за организација и работа на органите на државната управа е системски закон, односно се носи со двотретинско мнозинство, па согласно член 75 од Уставот, Претседателот нема право на вето на истиот, односно е должен да го потпише указот“, соопштија од кабинетот на 8 јуни.

Битиќи: Непотребни компликации во координацијата меѓу различните институции

Фатмир Битиќи за ЦИВИЛ Медиа изјави дека одвојувањето на енергетиката од економијата би значело: „непотребни компликации во координацијата меѓу различните институции. Наместо да се подобри ефикасноста, ќе се создадат нови слоеви на администрација кои ќе го забават процесот на донесување одлуки и спроведување на политики“.

Колку ќе чини во буџетска, административна и политичка смисла одвојувањето на туризмот од економијата, допрва ќе се види. Како и за останатите реформски одлуки на Мицкоски и партнерите.

 

битиќи Министерство за култура и туризам реорганизација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.