НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортажа: Моленбек ја крие тајната на теророт во Европа

0
By Борјан Јовановски on November 23, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел преживува тежок инфаркт бидејќи срцето на оваа европска престолнина, симбол на слободата и демократијата, стана центар на антиподите на вредностите по кои се препознава овој град.

Само една станица метро или 10 минути пешачење ве делат од стpoгиот центар на Брисел до населбата Моленбек Сент Жан за која велат дека станала главен центар на исламскиот радикализам во Европа.

Од овој кварт, познат од почетокот на 20 век како „Мал Манчестер“, потекнува денеска непријателот број еден на Белгија и цела Европа по кој трагаат илијадници полицајци -Салах Абделсалам. Неговиот брат Ибрахим се разнесе во еден од нападите на Париз. Од Моленбек е и организаторот на оваа терористичка акција Абауд Абделхамид кој е убиен во полициската акција по терористичките напади во Париз. Во Моленбек живееше и Ајуб ел Казани кој го нападна брзиот воз од Брисел за Париз во август годинава. Амеди Кулибали, кој учествуваше во нападите на Шарли Ебдо, оружјето за оваа терористичка акција го купил во Моленбек. Тука престојуваа и припадниците на терористичката ќелија разбиена годинава во полциската акција во белгискиот град Вервие.

Така овој бриселски кварт во кој живеаат 97.000 луѓе од најразлични етнички и верски потекла како да станува симбол на тероризмот кој иронично се споредува со парискиот Монмартр кој во почетокот на 20 век беше симбол на современата уметност. Секое време со своите вредности.

Тешко е како новинар да се одолее дури и во овие крајно небезбедни околности, а да не се појде во оваа бриселска населба за да се ѕирне барем на кратко зад нејзините кулиси во кои се крие ѕверот кој и втера страв на цела Европа.

Моја прва дестинација беше семејната куќа на Салах Абделсалам по кој, и во моментов додека го пишувам овој текст, уште трага целиот расположив арсенал на белгиските безбедносни сили и поради кој сите жители на европската престолнина седат во своите домови чекајќи ја веста дали и кога ќе завраши оваа вонредна состојба во градот.

Станот на семејството Абделсалам се наоѓа на вториот кат на троспратната зграда на самиот општински плоштад на само 50 метри оддалеченост од седиштето на општината во која инаку работи Мухамед, најстариот брат на Салах кој е во бегство и Ибраим кој својата младост реши да је дигне во воздух за целите на Исламската држава.

Заѕвонив на домофонот на кој е испишано името на нивниот татко Факлан Абделсалам без многу надеж дека ќе успеам да стапам во контакт со него или неговата сопруга, мајка која веќе изгуби еден син а другиот е на патот кон неповратот. Заѕвонев четири пати без успех.

Се упатив до дуќанот залепен до нивната куќа во кој го најдов продавачот, млад Пакистанец кој продава ткаенини за венчални фустани. На излогот на дуќанот беше залепен плакат со кој жителите на Моленбек сакаат да изразат сочувство и солидарност со Париз. Го прашав продавачот дали ги познава Салех и Ибраим. Не беше расположен за разговор и очигледно беше збунет и уплашен од се она што во неговата населба се случуваше во изминатите денови кога полицијата изврши повеќе претреси.

Праша дали снимам. Го уверив дека немам таква намера ако тој не дозволи. Потоа сепак почна да ја објаснува својата збунентост. “Не ми е јасно што се случува… двајцата не ги познавав лично, но се разбира се сретнувавме секојдневно бидејќи во дуќанов сум цел ден, а тие живееа до мене. Љубезно се отпоздравувавме како соседи и никогаш не би помислил дека тие може да направат нешто како ова во Париз”, ми вели продавачот. Во дуќанот бевме сами кога ни се придружи и една средновечна жена муслиманка.

Таа ја слушна нашата конверзација и веднаш ни се придружи, видливо многу пољубопитна за актуелностите отколку за текстилот во продавницата.

„Вие новинарите ни го окупиравте малото”, вели таа. “Што сакате, што барате од нас… што да ви кажеме кога и самите не знаеме што се случува и чекаме некој да ни објасни”, рече жената влетувајќи нервозно во нашиот разговор. Кратко ме измерка и ме распраша кој сум и од каде а потоа на моја среќа како да стекна доверба се успокои и почна да раскажува како постојано мисли на мајката од нејзиното соседство која изгубила две деца како и за сите мајки и деца кои се жртви на трагедијата од Париз.

„Не ми е јасно што се случува, јас сум верник муслиман јас знам што е Куран знам и дека во него има џихад, но јас џихадот го разбирам како војна против сите кои убиваат деца и жени. Тоа е најголемиот грев во исламот и во секоја вера”, вели жената молејќи да не ја измамам и да ја снимам со некоја скриена камера.

Потоа сама наметна друга тема. “Не разбирам што може да е причината за да се убиваат невини луѓе, но го разбирам бесот со кој живееме ние муслиманите кога гледаме како секојдневно страдаат наши браќа и сестри во Сирија. Зошто овие држави големи не напраат нешто да ги заштитат тие невини луѓе во Сирија мајки, деца….Тоа што се случува е лудо јас сум гневна, сите овде сме гневни”, вели мојата соговорничка која станува се понервозна во конверзацијата со мене. Ја прашав дали верниците муслимани зборуваат за ова што и се случува на населбата.

„Да“, рече, “но за тоа ќе ви кажат мажите одете сега еве пладне е, сите се во џамијата и ќе видите“.

По пат застанав и во другите мали дуќанчиња чии што сопственици се муслимани. Сите знаеа кој е Салем и сите повторува дека не им е јасно како е можно тој да се вплетка во ваква работа.

Од неговите соседи можеше да се дознае дека тој бил симпатично момче, дека не бил верник, дека често посетувал едно кафуле во соседството познато како локација каде се купува добар хашиш, дека имал проблеми со полицијата поради продажба и уживање на лесни дроги и дека бил невработен како и 40% од населението на Моленбек.

Јас немав среќа да се сретнам со неговиот брат но тој ден подоцна се појави на белгиските телевизии апелирајќи до Салем да се предаде: “Подобро е да си во затвор отколку на гробишта”, рече неговиот брат Мухамед. Тој појасни дека Салем не бил верник но дека пред само неколку месеци кај него биле забележани промени. Престанал да пие и да се однесува стриктно во духот на исламот што за самото семејство не било вознемирувачки. Напротив тие сметале дека тие промени се на добро и дека тоа е знак дека тој решил да живее посмирено. Во секој случај ништо не упатувало на било каков знак за да се сомневаат дека се приклучил на било каква радикална опција. “Тој не беше радикализиран туку очигледно бил изманипулиран”, изјави неговиот брат Мухамед.

Што му се случува на Моленбек и кој ги манипулира младите?

Како што ми рече мојата соговорничка во дуќанот, заминав во најголемата џамија во населбата. Една од четирите во Моленбек. Повеќе од илјада верници беа на петочната голема молитива. Имамот им зборуваше за овие настани.

“Ова е криминален акт кој како и сите други криминални акти треба да го осудиме. И не е доволно да го осудиме овој криминал туку наша должност е и да откриеме кои се неговите корени”, им рече имамот на верниците насобрани во импровизираната џамија.

Имамот упати три пораки. Тој побара од семјствата да внимаваат на образованието на нивните деца. Од исламските институции побара да го преиспитаат односот кон младите и да направат се за да се надмине, како што рече, растечкиот генерациски јаз кој го искористуваат некои други, рече имамот. На крајот упати порака до државните институции да поведат повеќе грижа за да им помогнат на младите да излезат од очајот поради неизвесноста за иднината.

По неговото обраќање излегов од џамијата која се наоѓа на само дваесетина метри од куќата во која белгиската полиција изврши акција само два дена порано. Сакав на излезот на поразговарам со некои од верниците. На излегување никој не сакаше да одговори на моите прашања.

Џамијата ја напуштаа во мали групи разговарајќи тивко меѓусебно за настаните. Забележав дека меѓу стотиците верници кои ја напуштаа џамијата имаше малкумина помлади, впечаток кој го потврдува имамот кој рече дека јазот меѓу постарите и помладите станува се поголем. Кој го пополнува тој јаз и зошто е создаден е прашање на кое верниците во вистинските вредности на исламот ќе треба да го побараат. Одговорот им е потребен, но не само ним туку и на целото белгиско општество, а до него ќе дојдат само и само ако го бараат заеднички низ дијалог во сите институции. Ако прашањето за растечкиот генерациски јаз не се пронајде ѕверот од кулисите на Моленбек ќе се исправи на општествената сцена во неговата најбрутална форма.

Кога тргнав кон Моленбек сакав да се напијам чај во некоја од локалните чајџилиници. На заминување наидов на неколку. Беа празни а исчезна и мојата желба за чај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

ВЕСТИ August 7, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите цели за самитот САД – Русија за…

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

August 7, 2025

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.