Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортажа од Алепо: Животот повторно се враќа

0
By Нова ТВ on August 14, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Девет месеци по ослободувањето, сирискиот град Алепо се уште е во купишта урнатини. Во една од најстарите населби на светот животот дури сега почнува да се враќа. Си Ен Ен направи репортажа за тоа како се живее во овој град.

Во Алепо се водеше една од најголемите битки во Сирија откако провладините сили со помош на Русија започнаа конечна офанзива на Алепо кој дотогаш беше под контола на бунтовниците.

Девет месеци подоцна вториот по големина град во Сирија и натаму е целосно разурнат, но животот сепак полека се враќа во нормала. Илјадници раселени цивили се вратија во градот и повеќето од нив живеат само од хуманитарната помош. Секој ден се поголем број од нив се собираат околу местата каде што се дели помошта.

-Многумина се вратија, нема ништо, но помагаме колку што можеме, вели Абдул Рахман Разлук од една невладина организација.

Некои од продавниците повторно се отворени на местата кои некогаш беа под контрола на бунтовниците. Тие што ги поддржувале бунтовниците не ги изнесуваат производите на пазарот, плашејќи се од одмазда.

Луѓето со кои репортерот на Си Ен Ен разговара на улиците ги поддржуваат провладините сили и Русија.

-Русија е наш пријател, тие се со нас и ние сме со нив. Башар ел Асад и Русија се едно, вели Мустафа ел Баб, жител на Алепо.

Среде урнатини има знаци на обвнова. Внатре во разурнатите објекти, индустријата во Алепо почнува да се буди. Во една фабрика за текстил работниците почнуваат да шијат облека со репарираните машини.

-Кога луѓето ќе видат дека бизнисот во градот почнува да функционира, ќе почнат да се враќаат и заедно ќе го направиме Алепо големо какво што некогаш беше, вели Рами Абу Суф.

Алепо е историски град под заштита на УНЕСКО, но денес лежи на урнатини. Една од најголемите битки е водена токму за цитаделата. Која се наожа на највиската точка на градот.

Древната цитадела некогаш беше упориште на најголемите битки за градот. Еден од најстарите градови на светот повторно има шанса за се подигне од урнатините.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.