Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници отвораат платформа за „брендирање на сигурни медиуми“

0
By НОВА ТВ on May 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Невладината организација „Репортери без граници“ (РСФ) од денес ја почнува „Иницијативата за новинарска доверба“ (JTI). Тоа е платформа што има за цел да се бори против дезинформациите преку промовирање на медиуми што се сметаат за „сигурни“, по ригорозен процес на верификација. Конкретно, Здружението за одбрана на слободата на печатот  на Интернет стави дигитална апликација преку која медиумите можат да аплицираат за да ја добијат ознаката JTI, на крајот од процесот во три етапи, јави дописникот на МИА.

Според соопштението за печатот на РСФ, медиумите прво ќе треба самостојно да ја проценат нивната усогласеност со ознаката „JTI стандард“.  Тоа е збир на професионални критериуми развиени во соработка со повеќе од 130 организации и медиумски работници, академици, регулатори, технолошки компании, со основачката поддршка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и агенцијата Франс Прес (АФП) . Второ, медиумите ќе можат да ги објават резултатите од нивната самооценка во форма на извештај за транспарентност. Конечно, надворешната ревизија што предизвикува независна проценка ќе ја спроведе акредитирано тело за сертификација.

Само по завршувањето на сите три чекори, учесниците во процесот ќе можат да ја добијат ознаката JTI. Според РСФ, овој проект претставува „радикален и иновативен чекор напред во борбата против дезинформациите“.

-Во сегашниот хаос на информации, лажните вести, пропагандата и говорот на омраза имаат конкурентска предност во однос на новинарството, рече генералниот секретар на здружението Кристоф Делуар, цитиран во соопштението за печатот.

„JTI е иницијатива за промена на играта со тоа што усогласеноста со професионалните стандарди е опиплива предност и на крајот ветува за одржливост на новинарството“, додаде тој.

Со овој проект, чии принципи беа обелоденети во 2018 година, а е кофинансиран од Европската комисија и Крег Њумарк филантропи (филантропска организација на основачот на страната Креглист), РСФ се надева дека ќе ја охрабри јавноста да се сврти кон медиумите. JTI, исто така, може да ги смири огласувачите и затоа да генерира поголем приход од рекламирање за учесниците. Етикетата може да послужи и како препорака за трети страни (регулатори, социјални мрежи, итн.) и да ги охрабри медиумите кои се уште не ги исполнуваат критериумите за да се усогласат со неа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.