Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Репортери без граници: Цензурата во Кина одзеде илјадници животи

0
By Борјан Јовановски on March 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во анализата направена од  истражувачите од Универзитетот во Саутемптон се вели дека  бројот на случаи на коронавирус во Кина би можел да се намали за 86% ако првите мерки, кои беа преземени на 20 јануари, беа спроведени две недели порано. Организацијата Репортери  без граници која се повикува на ова истражување тврди дека врз основа на настаните во раните денови на кризата доколку медиумите не биле изложени на  цензура наметната од кинеските власти,  би можеле да ја известат јавноста многу порано за сериозноста на епидемијата, спасувајќи на тој начин  илјадници  животи како и  избувнувањето на пандемјата.

Како пример се наведуваат настани од 20 декември кога е официјално соопштен првиот случај.

“Еден месец по првиот регистриран  случај, градот Вухан веќе има 60 пациенти со непозната пневмонија слична на САРС, од кои неколкумина го посетувале пазарот на риби во Хуанан. И покрај ситуацијата, властите не сметеле  дека е соодветно да ги пренесат овие информации до медиумите. Доколку властите не ја сокриле од  медиумите информацијата за постоењето на појава на епидемија, поврзана со многу популарен пазар, јавноста би престанала да го посетува ова место долго пред официјалното затворање на 1 јануари” се наведува во соопштението објавено на веб страната на организацијата Репортери без граници.

Во соопштението како илустрација се наведува и настан од 30 декември кога е уапсена група на доктори под обвинение дека шират лажни вести.

“Директорот на одделот за итни случаи во Централната болница во Вухан, Аи Фен и група лекари започнале да предупредуваат дека станува збор за  „коронавирус сличен на САРС“. Осуммина од нив, меѓу кои и докторот Ли Венлианг, кој подоцна починал од болеста, ќе биде уапсен од полицијата во Вухан на 3 јануари со обвинување дека шири лажни вести. Доколку печатот и социјалните медиуми би можеле слободно да ги пренесат информациите дојавени од свиркачите на 30 декември, јавноста ќе знаела за опасноста и би  извршила притисок врз надлежните органи да преземат мерки со кои се ограничува експанзијата на вирусот” се наведува во соопштението објавено на веб страната на организацијата Репортери без граници.

Како пример понатаму се наведува и следиот настан:

Кина официјално ја алармира Светската здравствена организација на 31 декември, но во исто време ја цензурира платформата WeChat така што пресретнува многу пораки кои содржат некои клучни зборови кои се однесуваат на епидемијата.  Без цензура, социјалната мрежа WeChat, која има милијарда активни корисници во Кина, би можела да им овозможи на новинарите да пренесат информации кои би ја алармирале јавноста.

Според  индексот за слобода на медиуми во светот кој редовно го истражува организацијата Новинари без граници на листата од 180 земји Кина е на 177 место.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.