Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Решение сега ако не „замрзнат конфликт“ во иднина – Османи во интервју за бугарската телевизија БТВ

0
By Mirjana on April 27, 2022 ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сега е вистински момент за решавање на отворените прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија, што доколку не се случи во скора иднина спорот би можел да прерасне во „замрзнат конфликт“, изјави во интервју за бугарската телевизија БТВ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, дополнувајќи дека во иднина ќе имало се помалку сила, енергија и храбри политичари што би се занимавале со оваа тема.

– Мислам дека во иднина ќе има се помалку сила и енергија и храброст кај кој било политичар храбро да се занимава со оваа тема. Затоа се плашам дека за месец-два ова ќе се претвори во замрзнат конфликт кој ќе трае со години, со сите последици што ќе произлезат од нашите односи, нашата внатрешна политика и можностите за регионот. Убеден сум дека во втората половина од оваа година нема да ја имаме истата сила да бидеме целосно посветени, со сета енергија на власта, за решавање на ова прашање, како што тоа го правиме сега, вели Османи.

Сепак, вели Османи, дека ќе се продолжело со конструктивна дебата, доколку сега не се надминел проблемот.

Министерот Османи одговорил  и на прашањето околу бројот на граѓаните кои се декларираат за Бугари во земјава, зашто на  пописот биле 3 504 а бројот на оние со бугарски пасош изнесува неколку стотици илјади за што Османи истакнал дека се посегнува по „бугарскиот пасош“ зашто е европски и нуди повеќе можности.

„Немаме точни информации колку граѓани имаат бугарски пасоши. Се разбира, бугарскиот пасош има многу повеќе предности од македонскиот бидејќи е европски пасош. А, луѓето се принудени да земаат бугарски пасош од социјални причини. Значи, не можат да се поистоветуваат државјанството и етничката припадност. Но, прашањата за пописот, прашањата за правото на граѓаните слободно да се дефинираат, мислам дека се апсолутно суштински – Република Северна Македонија ги гарантира и, се разбира, се  повеќе и повеќе ќе ги зајакнува“, навел Османи во интервјуто за бугарската БТВ.

 

ОСМАНИ ИНТЕРВЈУ БТВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.