Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Решението со две држави во дваесет и првиот век

0
By Blerina Tahiri on December 6, 2023 АНАЛИЗА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Терористичкиот напад од 7 октомври врз Израел покажа дека статус-квото на Блискиот Исток е исто толку опасно колку што е неодржливо. Мирот меѓу Израел и Палестинците, врз основа на решение со две држави, не е само возвишен дипломатски сон, за доброто на глобалната стабилност во дваесет и првиот век, туку е практична политичка неопходност.

Пишува: ЈОШКА ФИШЕР / Project Syndicate

Терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври го смени мислењето кај многумина за условите за мир во Блискиот Исток и пошироко во светот. Сé уште се опоравуваме од ужасите од тој ден. При започнувањето на својот напад, Хамас лесно ги надмина високотехнолошките гранични безбедносни бариери на Израел без да наиде на организиран отпор. Нејзините милитанти убија над 1,200 Израелци (повеќето цивили) и земаа повеќе од 200 заложници назад во Газа – пренесувајќи голем дел од масакрот на социјалните мрежи.

Како можеше ова да се случи? Со најсилната армија и најдобрите разузнавачки служби на Блискиот Исток, Израел претпоставено ги следи сите терористички активности и закани на двете страни на своите граници.  А сепак беше затекнат неподготвен од група која дејствуваше строго од изолираната и внимателно надгледувана енклава Газа.

Настаните од 7 октомври скршија многу илузии. Надворешните набљудувачи како и учесниците веруваа дека повеќедеценискиот конфликт меѓу Израел и Палестинците е нерешлив и оттука само може да се управува. Новата надеж беше дека Израел може да постигне мир и да воспостави дипломатски односи со соседните арапски земји без да се реши или да се обрне внимание на палестинското прашање. Мирот на Блискиот Исток би се постигнал без вклучување на Палестинците или создавање на палестинска држава. Сега знаеме дека ова било илузорна цел.

Во 1947 година, додека британскиот мандат во Палестина се приближуваше кон својот крај, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои  Резолуцијата 181, со која се бараше поделба на територијата на две држави – едната еврејска, а другата арапска. Но, веднаш штом Израел прогласи независност, во 1948 година, пет соседни арапски земји извршија инвазија, започнувајќи војна која во еден или друг облик продолжи и до денес.

Опциите за ставање крај на конфликтот едвај се имаат сменето. Теоретски, едната страна би можела да надвладее со освојување на целата земја помеѓу реката Јордан и Средоземното Море и со протерување на поразената страна. Но, тој исход никогаш не би поминал кај меѓународната заедница во дваесет и првиот век. Единствената опција, значи, е двете страни да прифатат компромис со воспоставување на две држави со блиски економски меѓусебни врски – исто како што мнозинството во ОН имаа замислено пред три четвртини од еден век.

Од 7 октомври, ова речиси заборавено решение за две држави повторно се појави во дебатите за ставање крај на сегашната војна во Газа и за решавање на повеќегодишниот – и континуираниот крвав – конфликт во регионот еднаш засекогаш. Но, дали овој обновен интерес е само израз на очај пред ненадминатата дилема или претставува сериозна посветеност за следење на единственото – иако исклучително тешко – решение?

Опцијата за две држави последен пат беше сериозно третирана веднаш по Договорите од Осло на почетокот на 90-тите години, кога многумина мислеа дека се на чекор до целта. Но, тој момент ненадејно заврши со атентатот на израелскиот премиер, Јицак Рабин, од страна на десничарски израелски националист во 1995 година. Иако имаше обид да се спаси патоказот на Осло, остана само една сенка од тоа. Откако претседателот на Палестинската ослободителна организација, Јасер Арафат, направи историски грешка верувајќи дека може да го доведе Израел на колена со кампања на терор – Втората интифада – процесот беше осуден на пропаст.

Оттогаш, процесот Осло не е ништо друго освен трагичен потсетник за тоа што можеше да биде. Решението што некогаш го нудеше сега се чини подалеку од кога било. Под тежината на теророт и окупацијата и поттикнати од екстремните фракции во нивните редови, двете страни сé повеќе се движат кон насилство и конфронтација – што кулминираше во страшниот масакр на израелските цивили на 7 октомври.

Како би можело решението за две држави да функционира сега? За почеток, двете страни би морале да ги прифатат легитимните тврдења на другиот. Не може да се бара од Израел да направи компромис за неговата безбедност и не може да се очекува од Палестинците да се откажат од независна држава во безбедни граници или да прифатат грабеж на земјиште на Западниот Брег од страна на израелските доселеници.

Штом ќе заврши војната во Газа, најитните задачи би биле развивање на нови параметри за ревитализиран мировен процес, реформирање на нефункционалната палестинска национална власт и реконструирање на израелското раководство. Ако остане крајно десничарската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, секој напор повторно да се стартува мировниот процес ќе биде мртов уште на самиот почеток.

Понатаму, обновениот мировен процес ќе бара огромна воена, политичка и финансиска помош од кредибилна надворешна страна. Но, бидејќи регионот и светот се имаат радикално сменето од деновите на Осло, Западот (Соединетите Држави и Европската унија) повеќе не треба да ја преземаат задачата сами. Кина ќе треба, исто така, да биде вклучена. Без оваа поширока констелација на посредници, нема да биде можно да се неутрализира иранската мрежа на радикални „одбивачи“ засновани на тероризам ширум регионот.

Само со нови идеи, нов персонал, взаемна подготвеност за мирен компромис и нова „надворешна партија“ што ги одразува актуелните геополитички реалности, ќе може сонот за мир на Блискиот Исток да има свежа шанса.  7 октомври покажа дека статус-квото на Блискиот Исток е исто толку опасно колку што е неодржливо. Конфликтот сé уште би можел да ескалира во секое време, со страшни последици за целиот свет. Мирот меѓу Израел и Палестинците не е само возвишена дипломатска визија. За доброто на глобалниот мир и стабилност во дваесет и првиот век, тоа е практична политичка неопходност.

Јошка Фишер, министер за надворешни работи на Германија и вицеканцелар од 1998 до 2005 година, беше лидер на германската Зелена партија речиси 20 години.

Превод: Н. Цветковска


Текстот е преземен одProjectSyndicateи објавен наFRONTLINE.Линк до оригиналот: The Two-State Solution in the Twenty-First Century. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

ВЕСТИ September 16, 2025

Првото обвинение се оценува веќе четири месеци во скопскиот Кривичен суд, со образложение дека станува…

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.