Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ретки документи за финансирањето на организацијата Исламска држава

0
By Светлана Јовановска on November 17, 2015 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Организацијата Исламска држава (ОИД) е богата но тешко е да се определат точните извори на финансии на оваа терористичка организација која себе си се смета за држава.

Најчестото тврдење на експертите во оваа област е дека ОИД се финансира од продажба на нафта која, во некои случаи, се продава и во ЕУ, наводно преку курдско-турски шверцерски мрежи.

Блогот Џихадолоџи (http://jihadology.net/2015/10/05/the-archivist-unseen-islamic-state-financial-accounts-for-deir-az-zor-province/) објави во октомври текст на Ајмен Џавад ал-Тамими, специјалист за Блискиот Исток. Авторот успеал, преку свои извори кои не ги именува, да најде документи на ОИД. Ваквите документи се вистинска реткост со оглед на тоа што организацијата спречува секакво протекување на нејзините документи.

Според овој текст, документите доаѓаат од провинцијата Деир ез-Зор во источна Сирија која што ОИД ја контролира од јули 2014 година и која ги поседува најдобрите извори на нафта во Сирија. Податоците кои се наоѓаат во овој документ покриваат период од 22 декември 2014 година до 22 јануари 2015 година.

Се тврди, вели овој експерт, дека оваа организација е спонзорирана од богатите држави од регионот како Катар или Саудиска Арабија но, се чини дека организацијата има свои приходи исто така.

Податоците велат дека во тој период само 27,7 отсто од приходите доаѓаат од продажба на нафта.

Најголемиот дел од приходи доаѓа од конфискација на имоти или продажба на материјал конфискуван во фирми и изнесува дури 44,7 отсто а потоа следат приходите од нафта (27,7 отсто), даноците – 23,7 отсто и наплатата на електрична енергија (3.9 отсто). Што значи дека две третини од приходи доаѓаат од конфискацијата на имоти и даноци за населението кое живее на таа територија.

Според експертите, ОИД нема да може вечно финансиски да го исцрпува населението бидејќи овие ресурси ќе се намалат во моментот кога во тој регион повеќе нема да има што да се конфискува.

Со оваа анализа се согласува делумно и Михаел Дентин, професор на Универзитетот во Лиеж. За белгискиот дневник Ла Либр Белжик тој вели дека теоретски, ОИД треба има повеќе заработка од нафата со оглед на тоа што се наоѓа на територија богата со нафта. На ОИД и недостасува обучен кадар за да може подобро да ги користи овие извори. «Но, продажбата на нафта не е главниот извор на приходи за организација», вели професорот.

ОИД зема данок на секое повлекување пари дури и кај функционерите кои ги плаќа сириската држава. Што значи дека дел од даноците доаѓаат од сирискиот буџет.

Освен нафтата, даноците и конфискацијата ОИД зема пари од ослободување на заожниците. Според некои извори овој приход изнесувал 20 милиони долари во 2014 година. Покрај заработката од ослободување на заложниците, приходи доаѓаат и од рекетирањето на населението.

И уште еден извор на приходи е значаен и донесува убави суми: продажба на антички предмети од кои голем дел можат да се продадат за многу пари. Професорот Дантин смета дека акциите како рушење на преисламски споменици, како Палмир или музејот во Мосул, е еден вид пропаганда за тоа колку организацијата е способна да наштети и со каков презир гледа на наследството кое не е нејзино.

Во документот до кој дошол ал-Тамими можат да се видат и трошоците на организацијата. Според податоците, најголемиот дел расходи се наменети за безбедносниот апарат на ОИД како војниците, полицијата или воените бази.

Така, за воените бази се троши 19.8 отсто од приходите, за платите на борците 43.6 отсто, за пропаганда 2.8 отсто, за исламската полиција 10.4 отсто, за социјалните служби 17.7 отсто и за помош на населението 5.7 отсто.

Заклучок на германскиот весник Ди Цајт кој што долго го истражувал финансирањето на ОИД, е дека “кражбата ги полни касите не организацијата а не некаква функционална економија” како што сака да прикаже пропагандата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.