Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ретро: 5- ти мај Ден на македонскиот јазик – 15 важни датуми од современата промоција и верификација на македонскиот јазик

0
By Zoran Ivanov on May 5, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Марјан Забрчанец

  1. 1-ви август 2017 година – На македонски јазик и на бугарски јазик е потпишан Договорот за добрососедство, соработка и пријателство меѓу Република Македонија и Република Бугрија;
  2. 17-ти јуни 2018 година – Македонскиот јазик е потврден и признаен и од Република Грција, во рамки на Договорот од Преспа потпишан меѓу двете држави;
  3. 22-ри јануари 2019 година – Заврши реконструкцијата на родната куќа (спомен дом) на основоположникот на современиот македонски јазик, граматика и правопис, Блаже Конески во селото Небрегово, во општина Долнени;
  4. 14-ти февруари 2019 година – Македонскиот јазик е потврден како официјален во личната карта на Северна Македонија во Обединетите Нации;
  5. 15-ти април 2019 година – на 130 седница на Владата, 5 Мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик. Тоа е денот кога во 1945 година Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо;
  6. 7-ми декември 2019 – Владата и НУБ “Климент Охридски”, во очи патрониот празник на Универзитетската билбиотека објавија бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик на www.pravopis.mk;
  7. 27-ми март 2020 година – Република Северна Македонија стана 30 земја-членка на НАТО со македонскиот јазик како единствен службен јазик за меѓународна употреба
  8. 5-ти мај 2021 – Владата ја промовираше дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“;
  9. 19-ти декември 2021 година – Со серија активности во текот на целата година беше одбележана 100-годишнината од раѓањето на големиот македонист Блаже Конески;
  10. 10. 18-ти јули 2022 година – Македонскиот јазик добива дополнителна верификација од страна на Советот на Европската Унија, со усвојувањето на преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ – во неа е јасно предвидено да се преведе на македонски јазик целокупното законодавство на ЕУ со што нашиот јазик станува еднаков со сите други јазици на Европската Унија;
  11. 19-ти март 2023 година – Македонскиот јазик доби потврда во Грција, откако судот во Лерин одлучи дека Центарот за македонски јазик во овој град е законски регистрирана невладина организација. Основниот суд во Лерин ги одби сите тужби за укинување на овој центар, кој официјално беше регистриран во ноември 2022 година;
  12. 1-ви август 2023 година – Републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство, за време на кој ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци. Подоцна резолуцијата беше усвоена во државите Мичиген и Илиноис;
  13. 5 декември 2023 година – Службите на ЕУ распишаа оглас за преведувачи на македонски јазик кои ќе работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или за Европскиот суд на правдата;
  14. Свечено отвoрање на лекторат по македонски јазик, литература и култура (на ниво на бесплатен курс) во Тирана;
  15. 26 јануари 2024 година – Собранието ги усвои измените на Законот за употреба на македонскиот јазик кој содржи многубројни решенија и механизими за градење соодветна јазична политика, дополнителни механизми што се во функција на зајакнување на почитувањето на македонскиот стандарден јазик и неговата правилна употреба.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.