НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рецензии по светската премиера: „Врба“ е еден од најинтересните филмови на 2019, Манчевски спореден со Бергман

0
By Нова ТВ on October 24, 2019 КУЛТУРА
Фото: СДК.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Филмот „Врба“ е раскошен и комплексен, а режисерот Милчо Манчевски е мајстор на филмот, велат дел до критиките по светската премиера на овој филм на 14. Филмски фестивал во Рим изминатиов викенд.

„Величествена македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Наратив кој – благодарение на неговата необична природа и развивањето на темите – е набиен со значење и религиозен/мистичен подтекст што на „Врба“ ѝ дава вкус на одамна поминати времиња на половина пат меѓу Бергман и Тар, бајка што боли на половина пат меѓу минатото и сегашноста. Режија што станува интимна и прецизна. Митолошки наратив меѓу бајката и сировиот реализам, со Љубовта како единствено решение за древните проклетства. Приказна која длабока го почитува животот и оние кои што се дел од него, силни жени и кревки мажи. Едно од оние дела кои е невозможно да минат незабележано, еден од најинтересните филмови на Римскиот фестивал и воопшто на 2019“, вели италијанскиот Чинематографе (Chinematographe), пренесува порталот СДК.мк.

Осбуримувис (Asburymovies) смета дека режисерскиот поглед на Манчевски е поуниверзален и посеопфатен.

„Филмот на Манчевски го истакнува различниот начин на соочување со болката на трите жени. Наликува како да трите женски ликови се фази, еволуции на единствен женски лик кој минува низ катарза. Согласно неговиот начин на раскажување во слики, Манчевски во „Врба“ не оди во контемплација или естетско китење, напротив, ги потопува трите приказни во секојдневниот живот, буквално ги мие со кал, дожд и крв. Милчо Манчевски се враќа, неговиот поглед станал поуниверзален и посеопфатен“.

„Tри приказни мајсторски поврзани“, вели ЊузЧинечита (NewsCinecitta), а Сентиериселваџи (Sentieriselvaggi) вели „Враќање на Милчо Манчевски, мајсторот на филмот“.

Европскиот филмски портал Синеуропа (Cineuropa) го дефинира филмот како раскошен и комплексно комичен:

„Манчевски, мајсторски ги вткајува во едно нишките на трите приказни, со повторување на мотиви и мали ишарети, кои гледачот може да ги толкува како што милува. Визуелно ова е раскошен филм… комплексно комичен.“

За Синефилос (Cinefilos) „Врба“ е „Визуелно фасцинантен… емоционално трогателен“:

„Трогателен портрет што нурнува во коренот на копнежот да се биде мајка, истакнувајќи значајна вистина, како во тематски сличниот филм ‘Крадци‘ на јапонскиот режисер Хиракозу Коре-еда, добитникот на Златна Палма во Кан 2018. Иако се занимава со актуелни теми како вештачко оплодување, абортус, посвојување и сѐ друго што е поврзано со кревкиот свет на мајчинството, филмот го дарува задоволството да не суди за ништо од ова. Напротив“.

Летербоксд (Letterboxd) смета дека суштината на филмот се содржи во насловот и во прашањето што се поставува во даден момент: како да се љуби?

„Дело кое не е директно и кое се сталожува по гледањето, речиси присилувајќи го гледачот да се наврати на некои делови за да го спознае длабокото значење“, вели Летербоксд.

Римскиот весник Ил Манифесто вели: „Магична визија на минатото чии фрагменти остануваат вплетени во сегашноста. Експертско фотографско око, но уште повеќе занос за неговата татковина. И во планинските широчини до кај што допира погледот и во такси во Скопје останува сомнежот за проколнатоста“.

Албанската телевизија Орањуз вели дека „Врба“ беше добро примен од италијанските критичари, кои го сметаат за една од најфасцинантните филмски продукции на Римскиот филмски фестивал, а авторката и критичарка Симона Нобиле заклучува:

„Каков величествен камбек! ‘Врба’ на Милчо Манчевски. Пасторална, митолошка и современа размисла за застрашувачката потреба да се биде мајка или татко. Очајничка, трагикомична бајка. Исклучителна режија и глума“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.