НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија, Антикорупциска и Омбудсман со најдобри резултати за интегритет, најслаби Обвинителството, судовите и службите за спроведување на законите

0
By Marija Todorovska on January 12, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и Народниот правобранител имаат најдобри резултати за интегритет, отчетност, одговорност и подготвеност за борба со корупцијата и се првите три столба со најмногу поени во националниот Систем за интегритет кој опфаќа 15 столба, во новиот извештај на Транспаренси интернешенл (ТИ) Македонија. Јавното обвинителство е најслабо оценет столб, а многу слаби резултати покажуваат и службите за спроведување на законите и судовите.

Извештајот за системот за национален интегритет којшто беше презентиран денеска, ТИ Македонија го работеле претходните две години. Тој опфаќа анализа на 15-те столбови на интегритетот, меѓу кои се и Собранието, Владата, јавниот сектор, приватниот сектор, медиумите, Јавното обвинителство, судовите, службите за спроведување на законот, јавните претпријатија… Сите столбови се анализирани од аспект на тоа колку се стабилни како столбови на интегритет.

-Можеме да кажеме дека кулата на националниот интегритет се уште не може да стои стабилно без сите овие столбови соодветно да бидат поставени или поткрепени.  Сите тие заедно треба да работат за да се воспостави добар систем на национален интегритет и тоа не само да работат и да соработуваат, туку и заемно да се контролираат, што е елемент којшто кај нас сериозно недостасува, рече Слаѓана Тасева, претседателка на ТИ-Македонија, претставувајќи ги резултатите од третиот извештај за интегритет.

Според неа, нема подобрувања во резултатите на Системот за национален интегритет од 2022 затоа што тие се слични и идентични, а во некои делови и полоши од претходниот извештај во 2016 година.

-Државниот завод за ревизија е повторно носечки столб којшто има најмногу интегритет, којшто работи според правилата и според законите, којшто се уште нема доволно ресурси и е една од институциите што може да ги поддржи понатаму другите столбови на интегритетот. Вториот столб со најдобар резултат е ДКСК којашто, исто така, работи со недоволен капацитет од аспект на ресурси, меѓутоа во другите делови имаат одличен резултат.  И третиот е Народниот правобранител. Очигледно е дека независните институции покажуваат поголем интегритет и подготовка да ја остваруваат својата улога во борбата против корупцијата. За жал, оние кои најмногу треба да покажат капацитет и подготвеност, почнувајќи од интегритетот и подготвеноста во борбата против корупцијата, се повторно Јавното обвинителство, кое е едно од најслабо оценетите, односно најслабо оценет столб којшто има само 38,9 проценти, односно поени, службите за спроведување на законот и судовите, истакна Тасева.

Медиумите имаат среден резултат со 58 поени и тука, рече Тасева, треба сериозно да се поработи на правилата на отчетноста, почнувајќи од сопственоста и финансирањето.

Тасева појасни дека е анализирано што е напишано во законите и како тоа се спроведува во практиката, потоа ресурсите односно со што треба да располагаат институциите за да можат да ја работат својата работа, колку тие ресурси се обезбедени и како се користат.

Според Тасева, независните институции кои се секогаш добро оценети, не се доволно ценети во нашето општество и тоа е резултат на политизацијата. Како примери посочи дека не се постапува по извештаите на Државниот завод за ревизија и на Антикорупциската комсиија, чии иницијативи не се прифаќаат од Јавното обвинителство зашто, како што рече, „тие на некој начин го сметаат работењето на ДКСК како мешање во нивната работа“.

-Гледаме и во последните денови што се случува – се настојува институциите да бидат под политичка контрола, тоа е се уште симптомот на заробена држава која настојува да ги контролира сите институции. За среќа, овие институции успеаја да обезбедат свој интегритет онака како што се поставени по законот и очигледно не им се дава можност доволно да работат со тоа што немаат доволно ресурси, истакна Тасева.

Критиките однадвор секогаш подобро се слушаат, но сега ни тоа не е доволно, рече таа, и оцени дека луѓето „веќе не реагираат ниту на изјавите на амбасадорите, ниту на лошиот извештај на Европската комисија“.

- Kryetarja e Komisionit për Antikorrupsion, Biljana Ivanovska para skadimit të mandatit të përbërjes së KSHPK-së të cilën e kryesoi ajo, është e kënaqur nga puna e bërë. Edhe krahas kushteve

Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК – второрангираниот столб по интегритет во националниот систем, рече дека и многу драго што независните институции успеваат да ја одржат и да ја зголемат довербата кај граѓаните.

-Анкетите покажаа дека во споредба со претходната година, ДКСК има двојно зголемена доверба кај граѓаните и тоа е добро. Како понатаму – неуморно. Значи, мора да се продолжи, мора да се прави притисок и од независните институции коишто со своите препораки или иницијативи се обраќаат до останатите институции, но исто така и од вас – медиумите како глас на народот бидејќи, буквално, јас вас веќе ве чувствувам  како осми член на ДКСК. Мораме сите заеднички да правиме притисок и едноставно професионализмот да дојде до израз. Поинаку не гледам излез од целата оваа ситуација, порача претседателката на ДКСК.

ДКСК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.