Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија во општина Арачиново: Ненаплата на даноци, погрешна пресметка на плати

0
By Нова ТВ on March 28, 2019 ЕКОНОМИЈА
Фото: Порталб
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не се издавале решенија за плаќање на данок на имот и комунална такса на фирма, не се остварувале приходи од комунална такса за користење музика во јавните локали и од истакнување реклами, не бил направен ребаланс на Буџетот во 2017 година иако имало значителни отстапувања помеѓу планираните и реализираните приходи и расходи, несоодветен попис на побарувањата што ги имала општината, неконтролирано трошење на пари за гориво и телефонски сметки – ова се само дел од наодите во објавените ревизорски извештаи кои се однесуваат на финансиското работење и менаџирање на општина Арачиново во 2017 година. Одговорноста за наодите во извештајот е на градоначалниците Брахим Ајвази и Миликие Халими, објавува порталот Порталб во анализата. 

 Како се полнел и трошел општинскиот буџет

 Во општина Арачиново не е воспоставен систем на внатрешна финансиска контрола, која е значајна за прибирање на буџетските приходи и управување со расходите. Ревизорите нотираат низа на слабости во овој сегмент, меѓу кои и недоволен број вработени, но и неназначени раководители на одредени сектори во општинската администрација.

–Во Одделението за општи, правно-нормативни и финансиски работи нема ниту еден вработен, а сметководствените работи на општина ги врши надворешно лице ангажирано со договор на дело. Невоспоставените контроли создаваат ризик од нецелосно и ненавремено утврдување и наплата на даноци и такси и ризик од ненаменско и незаконско трошење на буџетските пари, се нотира во ревизорскиот извештај и се препорачува градоначалникот да преземе активности за кадровско екипирање на одделенијата согласно Правилникот за систематизација на работните места но и да се преземат мерки за воспоставување на соодветен контролен систем. Така, ревизорите препорачуваат:

 –Обезбедување на системот на двоен потпис што значи финансиските и оперативни елементи на секоја активност да се верификуваат од две меѓусебни независни лица“ 

 Во 2017 година, ревизорите констатират значајно потфрлување и на приходната и на расходната страна на општинскиот буџет пришто планираните приходи биле остварени само со 62% а проектираните расходи со 59%.

–Значителното отстапување од остварените приходи во однос на планираните призлегува од приходите од даноци на имот кои се остварени само со 58%, даноци на специфични услуги остварени со само 48% додека кај приходите од такси за користење или дозволи за вршење на дејност и продажба на земјиште и нематеријални вложувања остварувањата се од 0%“ – пишува во ревизорскиот извештај и се посочува дека не е направен ребаланс на Буџетот во согласност со законската регулатива.

 Дополнително ревизорите нотираат:

–Општината нема издадено решенија за задолжување со данок на имот на даночните обврзници физички и правни лица согласно одредбите од законот за даноците на имот. Општина Арачиново нема воспоставено регистер на обврзници по основ на комунална такса на фирми и нема издадено решенија за задолжување со комунална такса на фирми, се наведува во извештајот.

 Исплата на плати, привремени вработувања

 Во 2017 година општина Арачиново на име плати и надоместоци исплатила скоро 57.000 евра, во општината биле вработени пет административни службеници и три помошно-технички лица. Ревизорите направиле увид во пресметките за плати и меѓудругото го констатирале ова:

 –Општината нема донесено Правилник за утврдување плати, додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно-технички и помошни работи а решенијата за вработување и за пресметување плати не се во согласност со Законот за административни службеници. Констатирана е грешка при пресметка на плата за минат труд. Поради ваквиот начин на пресметка во 2017 година исплатени се помалку средства на вработените за минат труд во износ од 211 000 денари ( 3 400 евра) а со тоа и помалку исплатени придонеси за социјално осигурување.

Општината ангажирала и лице преку Агенцијата за привремено вработување за вршење на административни работи што според ревизорите не е во согласност со законската регулатива која точно утврдува во кои случаи може да се спроведат привремени вработувања. Дополнително за овие вработени општината немала евидентни листи за нивното присуство а не се поднесувале ниту месечни извештаи за извршените работи. 

 –Поради ваквата состојба на привремено ангажирање на работници, без евиденција на нивното работно време, без извештај поднесен од нивна страна за извршените работи во текот на месецот, ревизијата не може да се увери во реалноста и објективноста на потрошените средства за оваа намена а со тоа и во наменското трошење на буџетските средства“ – нотира ревизорот и обелоденува дека за привремено ангажирање на лица биле потрошени  околу 16 500 евра во 2017 година.

 Службените возила со кои располагала општината се користеле без интерен акт со кој треба да се регулира условите и начинот на користење. Во 2017 година за гориво биле потрошени околу 8.300 евра.

–Не се изготвуваат налози за користење на службени возила од кои може да се утврди целта за која истите се користени односно недостасуваат податоци за службеното дејствие што се врши, местото на поаѓање и на упатување, поминати километри, потпис на возачот и потпис на корисникот. Исто така ревизијата констатира дека е точено гориво и на возила кои не се во сопственост на општината, пишува меѓудругото во ревизорскиот извештај.

 Без интерен акт за регулирање на условите се користеле и службени мобилни телефони за што во 2017 година за телефонски услуги  биле потрошени скоро 5 000 евра. Истата година била исплатена истата сума по основ на склучен договор за одржување на локални услици и патишта во општината во текот на зимскиот период.

 –Ревизијата констатира дека исплатата не е извршена согласно член 3 од договорт односно истата е извршена без работни налози и без извештаи за изведените работни активности од страна на изведувачот, наведува ревизорот.  

Под лупа е и јавна набвка за реконструкција на улица во Арачиново вредна 57 000 евра пришто се утврдени низа пропусти, меѓу кои и изведување на работи без одборение за градба. Прекршувања се утврдени и при јавна набавка на водни пумпи – компресори и бушење на четири бунари во село Арачиново, вредна 49 000 евра.

 –Во 2017 година без постапка за јавна набвка извршени се набавки на стоки и услуги во вкупен износ од 94 000 евра, нотираат меѓудругото ревизорите. 

 На крајот од 2018 година во однос на сите овие наоди се одржал состанок со градоначалниците и одговорните лица во општина Арачиново и во однос Нацрт извештајот на ревизорите не биле упатени забелешки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.