Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија во Регулаторната комисија за енергетика: Под лупа платите, трошоците за гориво, тужби

0
By Нова ТВ on July 10, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Проблеми со дозвола за употреба на објект во кој е сместена РКЕ, забелешки во однос на исплатата на трошоци за потрошено гориво, тужби од поранешни вработени – финансиските извештаи и работењето на Регулаторната комисија за енергетика под лупа на државната ревизија, пренесува анализата на Portalb.mk.

 Исплата на плати, надоместоци

Отсуство на внатрешна финансиска контрола и недоволана кадровска екипираност регистрирале  државните ревизори во Регулаторната комисија за енергетика.

-Не е воспоставена внатрешна финансиска контрола односно не е воведен систем на политики, процедури и активности на одговорното лице. Секторот за административни, финансиски и општи работи не е екипиран, нема назнечено раководител и помошник раководител на секторот, пишуваат ревизорите и констатираат:

 „Поради необезбеден соодветен систем на финансиско управување и контрола постои ризик од погрешно прикажување на податоците во трговските книги и финансиските извештаи како и ризик од неправилности и недоследности во примена на законските прописи“.

Во РКЕ во 2017 година се вршела исплата на плати на претседателот и членовите на комисијата врз основа на Колективен договор на РКЕ, што не било во согласност со законските прописи (Закон за енергетика) и за што немало донесено акт од Собранието на РМ, кое го бира претседателот и членовите на комисијата.

-Со новиот Закон за енергетика донесен во мај 2018 година уредено е дека нето платата на претседателот и на членовите на комисијата на РКЕ не може да биде повисока од збирот на пет просечни месечни нето плати исплатени во земјава“ – наведува ревизорот.

Во деловните книги на крајот од 2017 година евидентирани се 2,6 милиони евра врз основа на исплатени средства за купување деловен простор во административниот објект “Јавна администрација – државни институции“.  Во овој објект во кој се сместени 6 институции, РКЕ на инвеститорот исплатил  2,5 милиони евра а околу 155 000 евра биле наменети за изработка на проектот.

 -По завршување на изградбата на објектот не е извршена кавлитативен и кавнититивен прием на објектот, изведувачот не доставил писмено известување до инвеститорите-координаторот дека работите по договорот се завршени, изведувачот не изготвил конечна пресметка за изведените работи пред поднесување на барањето за одборение за употреба, но најдоцна во рок од 10 дена по завршување на работите, Заклучно со 30.09.2017 година примена е гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите со напомена дека истата е последна гаранција од изведувачот и доколку не се изврши технички прием на објектот, изведувачот нема да доставува банкарски гаранции, наведува ревизорот и посочува дека иако работите биле завршени во април 2017 година за објектот сеуште не бил направен технички преглед на градбата од страна на Комисијата формирана од надлежен орган – МТВ, не е издадено одборение за употреба и не е извршено примопредавање.

-До денот на ревизијата во објекот се сместени само 4 институции ( РКЕ, М-НАВ, АСО и КХВ), сеуште не се користат деловните простории на приземје, прв и втор кат, односно не се сместени останатите институции иако било наведено дека објектот е целосно во функција, се наведува во ревизорскиот извештај.

 Од сметката на Регулаторната комисија за енергетика во периодот од 2012 година до 2017 година вкупно се потрошени средства за купување на деловни простории во вредност од 2,6 милиони евра а со споредба на планираните средства на годишно ниво, ревизорите констатирале разлика од 2,2 милиони евра за непланирани-потрошени средства.

 Судски спорови

По извршената ревизија утврдено е дека Регулаторната комисија за енергетика е дел од 4 судски спорови, два трговски и дав граѓански спорови со вкупна вредност од скоро 20 милиони евра.

 -Во тек се два трговски спорови поведени против РКЕ од поранешен носител на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување  на топлинска енергија за надомест на штета во износ од 19,6 милиони евра. Во текот на ревизијата од страна на првостепениот суд за тужителот во двата трговски спора донесено е Решение за стечајна постапка“ – наведува ревизијата и посочува дека споровите се покренати во 2012 година. Во однос на граѓанските тужби, во ревизиорскиот извештај се посочува следново:

 -Во тек се два граѓански спорови поведени од двајца поранешни членови на регулаторната комисија против РКЕ за надомест на штета во износ од 187 000 евра поради разрешување од страна на Собранието на РМ.

 За исплата на плати и надоместоци на вработените во РКЕ во 2017 година биле потрошени повеќе од половина милион евра. Ревизијата констатира дека се извршени исплати на патни трошоци на членови на комисијата по основ на надоместок во висина од 20% од цената на литар гориво за секој изминат километар на сопствен автомобил и надомест за патарини за кои нема донесено акт од страна на надлежното тело.

 Забелешки од страна на РКЕ во однос на ревизорските наоди

Финансиските извештаи кои се под лупа на ревизорскиот извештај се одговорност на Димитар Петров, директор на РКЕ до 26 јуни 2018 година и Марко Бислимовски, директор на РКЕ  од 26 јуни 2018 година.

 По одржаниот состанок со раководството на РКЕ примен е одговор во однос на Нацрт-ревизорскиот извештај. Во забелешките адресирани до ревизорите, од РКЕ, меѓудругото посочуваат дека  од 1 ви февруари 2019 година вработен бил помошник на раководителот во секторот за административни, финансиски и општи работи, а постапката за вработување на раководител била во тек, односно се одложила поради изборите. Регулаторите информирале дека извршиле усогласување на Статутот и актот за организација и системтизација со законските прописи. Во однос на новиот објект во кој е сместена РКЕ, од комисијата информирале дека имало повеќе обиди постапката за добивање на одборение за употреба да се реализира, но таа сеуште не е завршена а барањето, според информациите од комисијата било доставено до Министерството за транспорт.  По ревизорските наоди за исплата на надоместоци од РКЕ информирале дека трошоците биле исплаќани врз основа на Одлука донесена од Регулаторната комисија од 2010 година.  Дел од забелешките биле делумно прифатени, дел се сметаат за информација а дел биле отфрлени од страна ревизорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.