Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ревизија во тетовскиот Центар за јавно здравје: Проблематична исплата на плати, набавки што се косат со закон

0
By Нова ТВ on October 7, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Недоследности во исплата на плати, проблематична систематизација на работни позиции, избор на директор без конкурс, сопственички проблем за просторот, отсуство на конкуренција во јавните набавки – ова се серија на забелешки и слабости кои ги открива државниот ревизор во работењето на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово кој е значаен бидејќи  располага со  акредитираната лабораторија за Санитарна хемија која опслужува пациенти и е единствена во регионот која се занимава со испитување на исправноста на храна и вода, и спречување на епидемии и зарази, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

За финансиските извештаи на тетовскиот Центар за јавно здравје ревизијата се воздржува од давање мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и изразува неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива.  Во однос на нацрт-извештајот, ревизорите информираат дека не биле примени забелешки од страна на овластеното лице – раководството.

 Како се исплаќале платите и надоместоци

 Се работело прекувремено – но без да се усвои процедура со која ќе се регулира начинот на организирање, евиденција и контрола на прекувремената работа. Серија на недоследности открива ревизија при исплатата на плати и надоместоци на вработените во тетовската здравствена установа.

 “Утврдиме дека во текот на годината прекувремено се ангажирани вработени во одредени служби за работа на терен надвор од редовното работно време, каде што Центарот за секој еден час прекувремена работа му пресметува и му одобрува на вработениот еден и половина час слободен ден, што не е во согласност со позитивните одредби“ – наведуваат ревизорите а одредбите предвидуваат дека на вработениот му следуваат онолку слободни часови-денови колку што се одработиле прекувремено.

 Иако Центарот за јавно здравје располага со електронски систем за евиденција на работно време, од извршените разговори со одговорните лица и со увидот во документацијата, ревизорите заклучиле дека во текот на 2018 година системот целосно не фунционирал, односно податоците од истиот не се користеле за пресметка на платите и за контрола и анализа на редовноста на вработените. Дополнително се открива дека тетовската здравствена установа не имплементирала Централен систем за евиденција на работно време што е воспостевен од страна на Министерството за здравство ниту пак е назначено одговорно лице за проверка и следење на електронскиот систем на евиденција.

 “Утврдените состојби влијаат на потврдување на точноста на податоците за работно време на вработените и контрола на пристапот до просториите на Центарот“ – наведуваат ревизорите.

 Во делот на исплатата на плати ревизорите посочуваат дека утврдените состојби не се во согласност со повеќе закони: Законот за административни службеници, Законот за здравствена заштита и Законот за работни односи.

 Со решение на министерот за здравство во август 2017 година именуван е вршител на должноста директор на Центарот со мандат од шест месеци кој ја извршува оваа функција до денот на ревизијата во 2019 година.

 “Управниот одбор на Центарот не постапи согласно член 108 од Законот за здравствена заштита според кој требало да донесе одлука за распишување на јавен конкурс за избор на работодавен орган“ – нотира ревизијата.

 Каква ќе биде судбината на Санитарната лабораторија – единствена во регионот

 Голем проблем открива ревизија во однос на просторот во кој е сместена тетовската здравствена установа. Ревизорорите посочувата дека ЈЗУ Центар за јавно здравје – Тетово не раполага со сопствени простории а оние во  кои е сместен се проблематични. Имено, во 2011 година Владата ги дава на времено користење на Министерството за образование а во 2014 година правото на користење на недвижните ствари се пренесува на Државниот универзитет – Тетово з апериод од 10 години, пришто било утврдено тршоците за селење на здравствената уставнова да ги сниси тетовскиот универзитет.

 “Државниот универзитет – Тетово во месец јануари 2019 година доставил до Центарот ургенција за барање за напуштање на простории и покрај тоа што претходно не ги исполнил своите обврски согласно заклучокот на Владата кои се однесуваат на обезбедување на соодветен простор и селење на Центарот. Во овој простор е сместено санитарно-хигиенската дејност како и акредитираната лабораторија за Санитарна хемија која опслужува пациенти и е единствена во регионот која се занимава со испитување на исправноста на храна и вода, и спречување на епидемии и зарази, поради што е потребно непречено функционирање“ – наведува ревизорот и нотира дека и покрај ова Тетовскиот универзитет доставил дури и ургениција до Владата и до ресорното министерството од каде бара решение на проблемот. Министерството за здравство му посочува на Универзитетот да постапи според владината одлука и да обезбеди соодветен простор за тетовската здравствена установа. До денот на ревизија решение за овој спор нема. 

Ревизорите упатуваат на отсуство на конкуренција која треба да води кон намалени набавни цени при набавките за апарати и реагенси, односно сите апарати се од затворен систем и користат реагенски кои ги обезбедува фирма од која истите се набавени или пак се јавува само една компанија која поседува ексклузивно право за продажба на реагенсите.

 “Поради немање услови да се врши намалување на цената преку електронско негативно наддавање се прифаќа цената која е дадена во понудата на единствениот понудувач. Воспоставениот начин на обезбедување на апаратите за вршење лабораториски испитувања и спроведување на набавките за регенски не обезбедува конкуренција, спроведување на електронска аукција и соодветно искористување на средствата што се доделуваат преку јавните набавки што не е во согласност со член 2 од Законот за јавни набавки“ – се наведува во ревизорскиот извештај.

 На крајот од 2018 година тетовската здравствена установа прикажала ненаплатени побарувања од Министерството за здравство за извршени здравствени услуги во износ од 52 300 евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.