Гугл патентираше електронски привремена тетоважа која со налепница би се ставала на грлото и корисникот со помош на неа би комуницирал со паметните телефони, уреди за игри, и други гаџети како очилата на Гугл.
Тетоважата корисниците би ги приклучила со уредите слични на Блутут (Bluetooth) конекцијата и тоа ќе биде мал вграден микрофон и батерија. Идејата е дека корисникот само со говорот да има комуникација со сите свои мрежни уреди и станува дел од мрежата, без потреба за слушалки или очила како оние на Гугл. Патентот го е регистрирал Motorola Mobility која Гугл ја поседува.
Гугл со очилата и сега со налепницата се обидува да се наметне како глобален лидер во брзо растечкиот сектор на носива технологија.