Резолуција за заштита на правата на Албанците во Прешевската Долина усвои денеска Парламентот на Косово.
Со оваа резолуција е предвидено проширување на правата на Албанците од Прешевската долина за да им овозможи слобода на движење од Долината до Косово и назад.
Со ова е предвидено да се укинат и таксите за осогурување кои се плаќаат при влез во Косово, како и да се отвпорат канцеларии во Приштина и Гњилане.
Предлог-резолуцијата беше поднесена од пратеникот на Демократскиот сојуз на Косово Љутфи Хазири, а беше подржана и од премиерот Хашим Тачи, кој предложи со уставни промени да се обезбеди косовските институците да се грижат за Албанците кои живеат во земјите на поранешна Југославија.