Во сирењето „Кришка“на Здравје Радово е откриен висок процент на палмино, кокосово, рибино и билно масло. Ова го покажале испитувањата направени во референтна лабораторија кои Здружението на потрошувачите на Србија ги прави редовно.
-Во сирењето „Кришка“ на Здравје Радово се пронајдени дури 77 проценти на масти кои не се млечни. Производителот ги измамил потрошувачите наведувајќи во декларацијата дека во сирењето има полномасно кравјо млеко и јогурт, но никаде не пишува дека во него има палмино, кокосово, рибино и билно масло кои се пронајдени во испитувањата за квалитет на ова сирење се вели во соопштението на Здружението на потрошувачи.
Од таму потенцираат дека производителот бил должен на декларацијата да ги напише сите состојки кои ги содржи сирењето, а според Европската регулатива само производите кои не содржат ништо друго освен млечна маст можат да се декларираат и нарекуваат млечни производи.
-Ваков производ кој не ги задоволува критериумите за квалитет не може да се нарекува млечен производ бидеќи во себе содржи сосема други видови на масла велат во Здружението на потрошувачи на Србија.
Тие ги предупредуваат потрошувачите да го одбегнуваат Кравјото сирење „Кришка“на Радово се додека не биде повлечено од рафтовите на маркетите.