Билатералната соработка, како и евроатланската и европската интеграција на Република Македонија, бил теми на кои денеска во Владата на Република Македонија разговараа премиерот Никола Груевски со Филип Рикер, заменик помошник на државниот секретар на САД задолжен за европски и евроазиски прашања.
Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, Груевски и Рикер искажале задоволство од континуираното унапредување на пријателските односи и интензивната соработка меѓу двете држави на секое ниво од взаемен интерес.
Во однос на евроатланската интеграција на Република Македонија, биле истакнати чекорите кои се преземаат во повеќе сфери за унапредување на процесите и стандардите, со осврт на унапредување на политичкиот дијалог во земјата.