Претседателот Ѓорге Иванов денеска во својот кабинет го прими заменик помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, кој веќе втор ден престојува во посета на земјава.
По средбата немаше изјави за медиумите.
Рикер вчера, придружуван од американскиот амбасадор Пол Волерс имаше средба со градоначалникот на Тетово, Теута Арифи.
Причина за посетата на Рикер на земјава е конференцијата на министрите за надворешни работи од Јадранската група.