Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рикер: Отворете дебата за предлогот на Нимиц

0
By Нова ТВ on June 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рикер: Отворете дебата за предлогот на Нимиц

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД, надлежен за европски и евроазиски прашања и поранешен амбасадор на САД во Македонија во Скопје ја уште еднаш ја потврди заложбата на Вашингтон за што поскора интеграција на Македоднија во ЕУ и НАТО.

Задоволни сме што посредникот Нимиц даде нов предлог и се надеваме дека ќе се искористи моментумот да се работи на него. Очигледно, процесот што ние го поддржуваме, продолжува. Потребна е волја и желба за напредок и да се има дијалог, не само меѓу лидерите туку и во јавноста – изјави Рикер.

Според него, дијалогот е потребен за да можат луѓето да разберат кои прашања се важни, бидејќи ова не е прашање на прифаќање или неприфаќање, туку прашање на ангажман врз основа на нешто што Нимиц може да го понуди во преговорите, што е потребно во секој случај.

Ова не е прашање на прифаќање или неприфаќање, туку прашање на ангажман врз основа на нешто што Метју Нимиц може да го понуди во преговорите, што е потребно во секој случај. Тоа е ист концепт како и со Косово и Србија. По прифаќањето на основниот начин како да се продолжи напред, во која насока за да влезат во посериозни разговори и преговори, со помош на ЕУ тие постигнаа договор и сега работат на имплементација. Ние бевме задоволни што амбасадорот Нимиц даде нов предлог и се надевавме дека ќе има иницијатива на која ќе се работи. Очигледно процесот е се’ уште тука и ние го поддржуваме овој процес, рече Рикер по средбата со премиерот Никола Груевски.

Рикер за време на престојот во Македонија се сретна и со претседателот Иванов, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалничката на Тетово Тетута Арифи.

Филип Рикер во Скопје престојува како учесник на состанокот на Јадранската група.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.