Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рим: „Демократијата мора да се брани со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот – пораки на Дерала, Касале и Џозеф

0
By Zoran Ivanov on October 2, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На денешниот јавен настан „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“ што се одржа во Рим, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, ја промовираше книгата Одбрана на демократијата и човековите права – со извештаи и препораки за политики.

На настанот учествуваа и Роџер Касале, поранешен пратеник во британскиот парламент, експерт за европски политики и признат лидер и општественик на меѓународната сцена, Вестминстерска алијанса за Украина; коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата, како и Ерик Џозеф, новинар и дописник на Либерасион, предводник на организацијата Европа Сега (Europe Now), автор и писател.

„Ние граѓаните треба да се разбудиме, да се организираме, да имаме верба во себе и да се соочиме со опасноста. Европа треба да биде подготвена против заканите од Путин. Мора да бидеме подготвени што е можно поскоро. Време е да преземеме уште поголема одговорност“, изјави  Касале на промоцијата.

Џозеф се осврна на надворешните и внатрешните закани кон Европа, повикувајќи на обедината Европа во одбрана на демократијата.

„Треба да сме свесни дека сме под напад. Надворешни напади, пред сè од Путин, но исто така и од заканите на САД кон Европа. Потпретседателот Венс рече многу јасно дека ќе ги подржи крајно десничарските партии или на поинаков начин дека Европа е главен непријател на САД. Затоа треба да бидеме свесни за што се случува. Ова е надворешни закани. И секако и внатрешните закани  – националните и крајно десничарските партии кои се обидуваат да го уништат демократскиот свет од внатре. Затоа е важно да ја браниме демократијата, луѓето да се здружени, да се вмрежат, да бидат подготвени на мобилизација, борба против дезинформации. Новинарите се навистина важни и исто така да креираат нова надеж за европските граѓани. Нова надеж значи обединета Европа, федерална, со цел да се одбрани демократијата, но и социјалниот, еколошкиот, економскиот европски модел“, изјави Џозеф.

„Во време на растечки глобален екстремизам и авторитаризам, борбата за човекови права и демократија мора исто така да биде глобална. Политичките и општествените актери, институциите и иницијативите со демократска и умерена ориентација мора итно да најдат начини за меѓусебно зајакнување, заштита и поддршка. Тие треба да ги споделуваат своите искуства, ресурси и добри практики, притоа осигурувајќи дека овие напори допираат до пошироката јавност и до носителите на одлуки преку медиуми, правни механизми и граѓански активизам“, велат во воведот на книгата Д-р Волфганг Ресман, Медиа Дијалог, Хедер Роберсон, Роџер Касале и Џабир Дерала, која произлезе од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“, што се одржа во декември 2024.

Промовирајќи ја книгата Дерала истакна дека демократијата е под силен притисок и сите чинители во општеството треба да се мобилизираат во нејзина одбрана.

„Ако ние до пред некоја година ја промовиравме демократијата, ги промовиравме и едуциравме за човековите права, сега се наоѓаме во ситуација да кажеме дека демократијата мораме да ја браниме. Демократијата е под силен притисок, под напад на диктатурата мораме да се мобилизираме час поскоро исклучително важни се медиумите, граѓанските организации, културата и уметноста, не само дипломатијата и воените средства кои се разбира дека треба да се зајакнат во системот на одбраната на Европа. Европа се повеќе изгледа дека е сама во оваа војна против диктаторските, авторитарните системи и режими“, потенцираше Дерала.

Настанот е дел од Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата , ко-основана од Новиот европски граѓански  народен форум (NEPF), Медија  дијалог и ЦИВИЛ– Центар за слобода, а поддржана од Europa Now!.

Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата  ги здружува пратениците, граѓанското општество и претставниците на медиумите низ цела Европа  промоција на демократската отпорност и соработка. Се фокусира на три главни столба: застапување и креирање политики, независна медиумска продукција, вклучувајќи го и подкастот „Eyes on Democracy“ ( Поглед кон демократијата), и нејзината водечка програма, Вестминстерската алијанса за Украина.

 

 

демократија Дерала касела Рим џозеф
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.