Пред канцеларијата на италијанскиот премиер денеска маж отворил оган, при што двајца полицајци се ранети а напаѓачот е притворен, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на АНСА.
Новиот премиер Енрико Лети за тоа време бил во претседателската палата.
Вчера, Лети, политичар на левиот центар го прифати мандатот за да формира влада.
46- годшниот заменик-премиер и неговите министри беа именувани денеска а парламентот се очекува да ја потврди владата со гласање утре.