Белградското студио „Рингишпил“ објави аукција на Кикстартер за донации на средства за довршување на цртаниот филм за Никола Тесла. Цртаниот филм насловен „Tesla & The Lampligter“ е при крај, а преостанува уште процесот на продукција кој е многу скап.
Студиото досега собрало помалку од 13.000 долари донации, а за завршување на филмот му се потребни 15.000 долари.
„Рингишпил“ на Јутјуб објави и кус трејлер за овој анимиран филм, кој е опишан како „волшебна надреална приказна за враќањето на надежда во соништата“.
На филмот веќе две години работи тим под раководството на режисерот Бранислав Бркиќ.