НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РКЕ до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем, ќе има ли поскапување на струјата и за колку

0
By Sashko on June 20, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) до крајот на неделава треба да ги усвои измените на тарифниот систем за универзалниот снабдувач со електрична енергија со кои се воведуваат четири блок тарифи за високата дневна тарифа, односно за скапата струја.

Блоковите ќе важат само за скапата струја и предвидено е во првиот блок да бидат потрошувачите кои трошат до 210 киловат часови електрична енергија, во вториот блок од 211 до 420, во третиот блок од 421 до 630 и во третиот блок над 630 киловат часови електрична енергија.

Блоковите ќе важат за сите граѓани.

„За тој што троши многу има гарантирана цена и за прв блок, гарантирана цена и за втор блок, гарантирана цена и за трет блок. Доколку во скапа тарифа сте потрошиле 650 киловат часови, 210 киловат часови ви се гарантирани по цена од прв блок, од 210 до 420 по цена од втор блок, од 420 до 630 по цена од трет блок и само 20 киловат часови, односно разликата од 630 до 650 киловат часови ќе платите по цена за четврт блок“, појасни неодамна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Најдоцна до петок, 24 јуни, ЕСМ треба да достави понуда на тендерот за снабдување на универзалниот снабдувач со електрична енергија за потребите на регулираниот пазар. Се очекува ЕСМ да достави и понуда за загубите на електрична енергија во мрежата што ги имаат МЕПСО и Електродистрибуција.

МЕПСО и Електродистрибуција веќе доставија барање до РКЕ за зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија за 60 до 80 отсто. Од цената која ќе ја понуди ЕСМ ќе зависи колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН хоум, а токму делот на универзалниот снабдувач најмногу влијае на цената по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава.

ЕСМ лани понуди цена по 41 евро за мегават час за 100 отсто од потребите на ЕВН хоум и целосно покривање на загубите во мрежата што ги имаат МЕПСО и Електродистрибуција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.