Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

РКЕ доби статус на набљудувач во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ

0
By НОВА ТВ on November 28, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) се стекна со статус набљудувач во Агенцијата за соработка на eнергетските регулатори на Европската Унија (Agency for the Cooperation of Energy Regulators – ACER).

Како што соопшти РКЕ, прифаќањето на Регулаторната комисија во Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на ЕУ доаѓа откако Секретаријатот на енергетската заедница даде позитивно мислење со кое високо ја оцени подготвеноста на РКЕ да се стекне со статусот набљудувач, пред се поради исполнување на обврските и условите коишто произлегуваат од Третиот енергетски пакет.

Секретаријатот на енергетската заедница оцени дека „РКЕ ја потврди својата подготвеност и посветеност кон воспоставување на регулаторна рамка која манифестира висок квалитет и покажа целосна независност во своето работење. РКЕ покажа подготвеност и способност да се спротивстави на потенцијалните влијанија врз независноста и ја одбрани својата автономија. РКЕ покажа највисока експертиза, стандарди и посветеност за навремено и квалитетно утврдување на регулаторната рамка согласно Законот за енергетика и воспостави напреден пазарен модел со висок степен на пазарна ориентација. Според тоа, подготовката на регулаторните акти во секторот на електричната енергија може да се смета за завршена, стои во анализата на Секретаријатот на енергетска заедница доставена до ACER.

АСЕР е тело формирано од ЕУ со мисија да им помага на националните регулаторни тела на земјите членки од Европската унија, во извршувањето на нивната регулаторна функција на европско ниво и доколку е потребно, ја координира нивната работа.

Агенцијата за соработка на Енергетските регулатори ја прифати РКЕ да и се придружи на Работната група за електрична енергија како набљудувач. РКЕ е втора договорна страна како регулатор која го постигнува овој статус по позитивното оценување од страна на Секретаријатот на Европската заедница по усогласувањето со барањата на Третиот пакет во секторот на електрична енергија и нејзината регулаторна независност како и нејзините активности во областа на животната средина, конкуренц

ијата, климатските промени и обновливите извори, стои во соопштението на Регулаторна.

– Согласноста на АЦЕР да и овозможи учество на РКЕ во нејзината Работна група за електрична енергија се смета за многу вредна награда во однос на напредокот и континуираните напори што земјата и РКЕ ги имаат направено во реформирањето на пазарот на електрична енергија и заложбите за ефикасна регулаторна независност, истакна Јанез Копач, директор на Секретаријатот на енергетската заедница.

Марко Бислимоски, претседател на РКЕ и на Регулаторниот одбор на Енергетската заедница рече дека РКЕ е почестена од позитивната потврда од страна на АЦЕР.

– Можноста за учество во Работната група за електрична енергија на АЦЕР доаѓа во моментот кога Северна Македонија работи кон интеграција на пазарот на електрична енергија со нејзините соседи од ЕУ. Засилувањето на соработката со нашите партнери од ЕУ и учењето од нивното искуство ќе послужат како поддршка да станеме дел од истиот внатрешен пазар на електрична енергија, истакна Бислимоски.

Дополнително, се очекува административен договор со кој експертите на РКЕ ќе можат да учествуваат во Работната група за електрична енергија на АЦЕР со што ќе се формализира статусот на набљудувач.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.