Новата цена на електричната енергија ќе важи од сабота, 1 јануари в година, а остануваат да важат ноќната евтина тарифа и таа во недела.
Цената на струјата се зголемува за 9,48% и се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот, изјави денеска на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски.
Новата цена на електричната енергија ќе важи од сабота, 1 јануари в година.
Бислимовски рече дека остануваат да важат ноќната евтина тарифа и таа во недела.
Тој појасни дека доколку не се одвоела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемела за 14,23 отсто.