НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роб облечен во облеката на Јустиција не може да донесе праведна одлука

0
By Нова ТВ on March 16, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Колумна на Беса Арифи – Доцент во областа на казненото право во Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница одлучи за укинувањето на Законот за измена и дополнување на Законот за помилување од 2009 година. Ваквата одлука овој суд ја донесе далеку од очите на јавноста, изолиран од гласот на граѓаните кои протестираа против можното донесување на таа одлука, а беа спречени да стигнат до самата зграда на овој суд и демократски да го изразат своето мислење.

Викаат дека правото треба да одлучи со затворени очи и уши, во смисол на тоа што правото треба да одлучи така како што е праведно за сите, без никакво влијание и под никаков притисок. За да одлучи на тој начин, правото треба да се темели само во еден принцип: слободата и слободното уверување.

Роб облечен во облеката на Јустиција не може да донесе праведна одлука, само човек со слободен ум може да носи праведни одлуки, а како што рекол Ганди, слободата и ропството се ментални состојби, т.е. никој не може никого да ослободи од ропството што потекнува од неговото битие.

Целиот систем на современото казнено право почнува и завршува со едно начело, а тоа е начелото на законитост. Никој не може да биде осуден и казнет надвор од законот, но воедно, никој не смее да го заобиколи и да го избегне законот. Како што пишувал основоположникот на современото казнено право, Чезаре Бекарија и класичната школа за казненото право (формирана во време на врвот на европсиот барок), казнениот законик треба да важи за сите, од колибата до кралската палата, од земјоделецот до шефот на државата. Никој не смее да остане некзанет за сторените казнени дела.

Неслучајно, класичната школа била категорично против самиот концепт на амнестија и помилување. Бекарија и други сметале дека овие институти се во спротивност со начелото на законитост, и како такви немаат место во еден идеален систем на казненото право. Тргнувајќи од овие постулати, Францускиот Кривичен законик од 1791, под суштинско влијание на класичната школа и идејите на Француската буржоаска револуција, не предвидувал амнестија и помилување.

Овие институти беа повторно воведени во Кривичниот законик од 1810 година познат како Наполеонов законик донесен во врмето кога Наполеон бил прогласен за цар. Нормално, каков цар може да биде човекот ако нема право со својата бескрајна милост да помилува сторители на казнени дела?! Нели царот е олицетворение на господ на земјата? Така се мислело во времето на апсолутните монархии. За жал, таквата мисла има уште следбеници и во денешен ден.

Без оглед на континуираните и силни критики во однос на контрадикциите со начелото на законитост, амнестијата и помилувањето преживеале низ вековите. Главната причина за ова е фактот што казненото право е далеку од идеален систем, така што некако и некогаш се случува да се најдат оправдани образложениа за постоењето на амнестијата и полилувањето.

Тоа што е заедничко за сите проучувачи на оваа област е дека овие институти треба да се употребуваат рестриктивно, единствено во случаи кога оправдувањето за таквиот чин е поголемо од стореното дело. Тоа што треба најпрво да се разбере е што помилувањето не е граѓанско ниту пак политичко човеково право.

Помилувањето се смета за акт на милост на шефот на државата оправдан со силна правна основа.

Втората работа која треба да биде јасна е тоа што правото на претседателот да помилува се уредува на различен начин во различни држави. Во некои земји, како на пример во Македонија, тоа право на претседателот е уставна категорија која се уредува со закон.

Во некои други земји, како на пример во САД, правото на помилување е уставно право на претседателот кое не е ограничено со закон туку е оставено целосно во неговата надлежност.

Американскиот претседател има апсолутно и ексклузивно право да помилува. Тој дури има право секоја година за време на празникот на Благодарноста (Thanksgiving Day) да помилува по една мисирка, имајќи предвид дека полнетата мисирка е главен оброк за време на овој празник.

Интересно ми е како не се сетил младиот адвокат од Охрид кој ја поднесе иницијативата пред Уставен суд да побара таква можност за нашиот претседател: имено, кога побара на претседателот да му се овозможи да помилува сторители на изборен криминал, педофили, производители и тргувачи со дрога како и сторители на геноцид и други меѓународни злосторства, зашто да биде претседателот дискриминиран и да не може да помилува мисирки?!

Да се осврнам малку на иницијативата која Уставниот суд, како заштитник на уставноста на сите закони и други правни акти па според тоа, заштитник на темелните демократски вредности на оваа земја, денес ја потврди и според тоа одлучи за укинување на Законот од 2009 година.

Според експедитивноста со која постапи судот, се добива впечаток дека се работи за најсуштинската “повреда” на уставноста во сите овие години на независност на оваа држава, па затоа, таквата “повреда” требаше итно да се отстрани. Но да видиме за каква “повреда” станува збор:

1.Уставниот суд во образложението дадено по повод отварањето постапка по оваа иницијатива се повикува на член 8, став 1 алинеи 3 и 4 на Уставот на РМ според кои владеењето на правото и поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска се темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија. Судот објаснува дека според овој член, посебните и поделени власти треба да бидат независни една од друга, па така, законодавната власт не смее да навлегува во ингеренциите на извршната власт.

Но судот се повикува и на членот 84 алинеја 9 на Уставот според кој претседателот на Република Македонија дава помилување во согласност со закон. Значи во уствот уште од 1991 година се истакнува дека да, претседателот има право да помилува сепак таквото право се спроведува согласно со законот. Со ова се воспоставува дека ова право на претседателот не е негово апсолутно и безусловно право, туку изречно се одредува дека таквото право се регулира со закон. Законот го донесува собранието на РМ и истиот може да се менува секогаш кога тоа се смета за потребно и за тоа постои потребното мнозинство.

2.Уставниот суд истотака го нагласува значењето на членот 9 на Уставот според кој граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба.

Уставот многу јасно одредува дека ваквата еднаквост на граѓаните се однесува на нивните слободи и права, признати со устав, закони и меѓународни договори. Да, точно, граѓаните според уставот се еднакви во своите права (или барем така пишува на хартија).

Проблемот е во тоа што помилувањето не е ниту право на граѓанинот ниту пак негова слобода.

Не постои граѓанско или политичко право на човекот кое се вика “Право да се биде помилуван од претседателот за сторени казнени дела”! Такво право не постои во ниеден меѓународен документ за човековите права, не постои ни во Уставот на РМ ниту пак во Кривичниот законик, Законот за помилување или во било кој друг закон.

Оттука, овој аргумент нема никаква правна основа и во ниеден начин не може да докаже дека дека Законот за измена и дополнување на законот за помилување од 2009 година е нееднаков или дискриминаторен спрема граѓаните осомничени за или извршители на казнени дела.

Доказ за тоа што амнестијата и помилувањето можат да бидат ограничени и се ограничуваат токму со меѓународни документи е Конвенцијата на ООН за непредвидување на законски ограничувања за гонење на воените злосторства и злосторствата против човештвото усвоена во 1968 година а ратификувана во Македонија во 1994 година. Ова конвенција ги задолжува земјите ратификувачки да ги превземат сите мерки во однос на нивните уставни и законски одредби со цел да ги отстранат сите пречки за гонење на меѓународните злосторства како на национален така и на меѓународен аспект.

Тоа значи дека таквите злосторства не застаруваат, не се амнестираат, не се помилуваат и за нив не важат одредбите за имунитет. Значи логиката е дека помилувањето може да се ограничи за определени казнени дела, такво нешто е направено уште од 1968 година и во ниеден случај не било толкувано ниту видено како дискриминаторен или нееднаков третман кон било кој сторител на казнено дело.

Тргнувајќи од таа логика, законодавниот дом има целосна надлежност да одлучи во врска со криминалната политика и казнувањето и да определи за кои казнени дела не може да се дава амнестија или помилување. Уставниот суд со својата денешна одлука го укина целосно Законот од 2009 година и со тоа и забраната за помилување на меѓународни злосторства, чекор кој е во потполна спротивност со основните начела на меѓународното казнено право и со најзначајните меѓународни конвенции од оваа област.

Имајќи ги предвид сите последици на укинувањето на овој закон, навистина е апсурдно ваквото брзо постапување на Уставниот суд. Таквата одлука која ги минира сите потфати да се воспостави нормален правен систем во оваа земја, таквата одлука која му задава конечен удар на секаков обид за повторно воспоставување на довербата кон институциите, таквата одлука која го носи оваа земја во безизлезен и безповратен ќорсокак, во најмала мера требаше подолго да се дискутира и да се размисли бидејќи излезот и враќањето назад нема да биде ниту едноставно ниту пак лесно. Најмногу од се, таквата одлука е голем доказ за слободата и ропството на правото во Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.