Њујорк: Познатиот американски актер Роберт де Ниро денеска ненадејно се појави во близина на судот во Њујорк за јавно да го нападне кандидатот за претседателските избори, републиканецот Доналд Трамп, за кого рече дека е кловн кој може да стане тиранин.
Актерот го поддржува актуелниот претседател демократот Џозеф Бајден, а обраќањето на Де Ниро беше организирано од предизборниот тим на демократскиот претседател Бајден, додека во исто време, чекор понатаму, Трамп ги слушаше своите адвокати кои се залагаат за ослободителна пресуда во кривичната постапка против него.