Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роденденска програма на ЕУ Хаус: Отворање на изложба во Спомен куќата на Лазар Личеноски.

0
By Ана Василевска on November 8, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Лазар Личеноски, Апотеза на трудот
Лазар Личеноски, Апотеза на трудот
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како дел од роденденската програма на ЕУ Хаус ( EU HOUSE ) , утре во 12 часот ќе биде отворена изложба во Спомен куќата на Лазар Личеноски.

„Како домаќин на активностите по повод третиот роденден на Europe House Skopje под мотото „THINK FORWARD – ЗАТОА ШТО КУЛТУРАТА Е ВАЖНА“, Омаж на културното наследство на Лазар Личеноски, сме особено почестени со изборот и идејата за промоција на културното наследство. Бидејки темата на Европската Унија за 2023 е „Европска година на вештини“, изборот на Личеноски како автор и мозаикот „Апотеоза на трудот“,претставуваат глорификација на трудот (професиите), вештините.“, информираат од Националната галерија на РСМ.

Намерата на Европската делегација, со особено залагање на амбасадорот Дејвид Гир, е да даде поддршка во напорите за валоризација и реконструкција на ова особено културно наследство, Спомен куќата на Лазар Личеноски.

Прославата на третиот роденден на ЕУ Хаус почна на 4 ноември.

„Навршија три години откако тогашниот претседател на Европскиот парламент, Давид Сасоли (1956 – 2022) симболично го предаде клучот од Europe House Skopje на македонската младина. Оттогаш, просторот служи првенствено на младите функционирајќи како „место на новата генерација“. Трет роденден на Europe House Skopje! Ја славиме културата, културните работници и уметноста! Овој роденден е точка во која ги спојуваме културното наследство со вештините, идеите и духот на младите. Културните припадности и традиционалните идеали не само што играат важна улога во дефинирањето на тоа кои сме ние, туку и ни помагаат да го видиме светот во поинакво, позитивно светло. Tие сe катализатор на промени, промотор на вредности, и влог за идните генерации.“, информираат од НГМ.

Лазар Личеноски се вбројува меѓу основоположниците на македонското современо сликарство.

Архва Лазар Личеноски
Архива Лазар Личеноски

Со свеж пристап и различни уметнички творештва, студентите и професорите од Факултетот за ликовни уметности ќе ја изложат својата визија, интерпретирајќи ги ликот и делата на Личеноски.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец ноември. Наскоро ќе објавиме дополнителни датуми за посета, изјавија организаторите на настанот од  Europe House Skopje. 

Во изминативе години Министерството за култура финансираше изработка на обемен број на проектни програми. Изработен е „Елаборат за валоризација на Спомен-куќата на Лазар Личеноски“ од страна на НУ Конзерваторски центар, Скопје. Стручниот тим за изработката на елаборатот беше во состав: Томовски Лабин, дипломиран историчар на уметност, конзерватор-советник; Таневска Анета, виш конзерватор; Ристов Јован, дипломиран правник, конзерватор-советник. Во 2016 година е изготвен Основен проект за  конзервација, реставрација и реконструкција на куќата на Лазар Личеноски, фаза архитектура со конзерваторско-реставрациски интервенции, статика-конструкции, водовод и канализација, електрика и против пожарна заштита. Врз основ на Одобрение на Управата за заштита на културното наследство во 2020 година започна реализација на Проектот за спомен куќата. Во текот на 2020 започна и во 2021 е завршена фазата водовод и канализација и дел од фазата електрика која е во завршна фаза во 2022.

Директорката Дита Старова Ќесими во подготовките на Спомен-куќата Лазар Личеновски

Во тек се изработува Анекс на Проектот, со претходно направени геотехнички истражувања за поставување на дренажен систем околу објектот заради појава на влага од атмосферски/подземни води како и санација на влезниот степенишен дел на објектот кој е деградиран.

Покрај архитектонскиот проект кој кореспондира на недвижното културно добро, изработени се проектни програми и конзерваторско проектирање на движното културно наследство. Движното културно наследство е Колекција од повеќе збирки: Збирка на 122 ликовни дела (слики, цртежи и акварели), Збирка на 37 мозаици и 5 зграфити, Етнолошко-музејска збирка со обемен етнолошки материјал и Библиотечна збирка. Во февруари 2022 г. според предвидената програма на Националната галерија за 2021 г. комплетно е завршена конзервација и реставрација на збирката на мозаици. Во тек е подготовка на проектот за конзервација и реставрација на 122 ликовни дела, дел од Колекцијата на музејот. За етнолошката и библиотечната збирка се направени истражувања, методолошка класификација, внесени и евидентирани, следат конзерваторски елаборати.

„Во напорите да се обезбедат средства за еден ваков исклучително обемен и значаен проект, Националната галерија во изминатите години на повеќе наврати правеше обиди за обезбедување на вонбуџетски средства за конзерваторските работи на движното културно наследство. Во 2022 и 2021 се обративме до JICA Balkan Office преку канцеларијата во Скопје. Во 2020 година приложивме апликација за грант од програмата Cultural Grant Assistance of Japan, The Sumitomo Foundation Fiscal 2020 Grant For Projects For The Protection, Preservation & Restoration Of Cultural Properties Outside Japan. Во 2017 и 2018 Националната галерија аплицираше во Програмата на амбасадорскиот фонд на Соединетите американски држави, U.S.Ambassadors Fund for Cultural Preservation, кои веќе на неколку наврати ни доделија средства за санација и реконструкција на Даут пашиниот амам и Чифте амам. Бидејки не застануваме, оптимизмот во нас е патоказ за движење напред, веруваме дека во оваа прилика ќе имаме можност да реализираме голем дел од зацртаното со поддршка на Европската делегација во Република Северна Македонија, изјави директорката на НГМ Дита Старова Ќерими.

А.В

 

ЕУ Хаус национална галерија на македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.