Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родилки лажеле при прием: Лекарка криела дека свекорот има Ковид, друга за сопругот

0
By Менче Атанасова Точи on June 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во двете родилишта(ГАК и Чаир) тврдат дека родилките лажат дека имаат некој заболен од семејството при прием, даваат лажни податоци или не се искрени при епидемиолошките анкети за Ковид со што ги доведуваат во опасност и родилките и персоналот

Родилка која криела дека сопруг и е позитивен на коронавирус во Болницата во Чаир, вчера со Брза помош била однесена на Клиниката за гинекологија. Таа во епидемиолошката анкета премолчала дека сопругот има Ковид, а кога во болницата дознале веднаш била испатена на ГАК каде има Ковид центар.

Кога и бил направен тест и таа се покажала позитивна на коронавирусот. Таа е една од двете родилки кои вчера биле примени на ГАК, а се позитивни на вирусот.

Директорот Башким Исмаили за НОВА тврди дека родилките лажат, не ја кажуваат вистината во епидемиолошките анкети каде што го ставаат својот потпис.

„Родилката во епидемилошката анкета излажа, таа криеше дека сопругот и е позитивен. Ние сами дознавме дека сопругот кој се јавуваше по телефон да ургира за неа, бил позитивен на вирусот и веднаш со возило на Брза помош ја префрливме на ГАК. Родилките не се искрени во епидемиолошките анкети каде што го ставаат својот потпис. Ние имаме проблем, веќе имаме 14 вработени се во изолација“, изјави за НОВА, директорот Исмаили.

На Клиниката за Гинекологија го потврдија овој случај. Тестот покажал дека и таа е заразена со коронавирус,  како и тоа дека заедно со уште една родилка позитивна на Ковид-19 која била примена вчера, се наоѓа во изолираниот оддел.

Во саботата на ГАК била примена родилка, која се претставила како лекарка(родена е 1992 година) без да каже дека нејзиниот свекор со кого живеат во иста куќа е позитивен на Ковид. Таа била сместена со уште две родилки во болничката соба. Кога по приватна линија лекарите дознале дека во семејството има позитивен, веднаш била префрлена во изолираниот дел. Но, лекарката, родилка не дозволила да и с е земе брис за тестирање и револтирана самоволно ја напуштила клиниката и заминала во „Ремедика“ каде што се породила.

„Родилката не кажала дека има позитивен во семејството, а била примена без симптоми. Кога еден од колегите дознал дека во семејство има позитивен на Ковид-19, ја симнале во оддел за изолација, од каде што заминала со изјава дека ја напушта клиниката на свој ризик и отишла да се породи во „Ремедика“. Ги чекаме епидемиолошките прашалници и досега три сестри се во изолација, со 15 вработени од претходен случај кои се веќе во изолација, имаме 18 вработени кои се во самоизолација’, изјави Викторија Јовановска, директорка на Клиниката за гинекологија.

Родилката се породила во „ Ремедика“ со царски рез и кога било констатирано дека има коронавирус била испратена на Инфективната клиника. Седум вработени од медицинскиот персонал во „Ремедика“ биле ставени во самоизолација.

Двете жени кои биле со неа во болничката соба на ГАК ќе бидат тестирани следната недела, потврди Јованоска.

Во Лекарската комора не можат да ја пронајдат лекарката која тврдела дека студирала на УКИМ, ја нема во регистарот на лекари. Се сомневаат дека таа уште нема положено државен испит бидејќи до завршување на испитите има уште половина година стаж, пред да се пријават за полагање на државен испит. Во податоците за место на живеење кажала дека живее во Нерези, а по лична карта била заведена во Центар.

Како и да е, со оглед на тоа што студирала медицина ваквиот однос ја шокира јавноста. Лекарите велат дека ваквите случаи кога пациенти лажат дека имаат позитивен во семејството се многу чести и тоа им ја отежнува работата на епидемиолозите.

И во болницата во Чаир и на ГАК, тврдат дека родилките даваат лажни податоци и не се искрени при епидемиолошките анкети, а со тоа го ставаат во опасност здравјето и на останатите родилки и бебиња, како и на персоналот кој што изморен од честите дежурства заради намалениот број на вработени.

Во болницата во Чаир во самоизолација се двајца анестезиолози, еден лекар,  седум медицински сестри и две хигиеничарки.

Исмаили вели дека персоналот е преморен, но се организираат за да не бидат во иста смена доколку се појави некој нов сомнителен случај. Јованоска тврди дека персоналот на ГАК дежура секоја трета вечер и дека се многу изморени. Таа посочува дека досега на клиниката престојувале околу 20 родилки кои биле позитивни на Ковид-19.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.