Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Родители: Алфите претепаа две малолетни деца кај скопско Кале

0
By Менче Атанасова Точи on May 21, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Две малолетни деца од кои едното има 12 , а другото 17 години биле тепани и малтретирани од неколку припадници на единиците за брзи интервенции Алфи, обвинија нивните родители. Децата кои се од ромска националност во понеделникот вечерта биле пресретнати од алфите пред црквата „Св.Спас“ кај скопското Кале при што им бил вршен притисок да признаат дека украле женска ташна, а при тоа била употребена сила, клоци, тупаници и шамари, по што децата завршиле во болница.

– Го пратив син ми да купи нешто за јадење, ние живееме блиску во бараките, но по пат него и братучедот ги пресретнале алфите и почнале да ги тепаат. Кога ми јавија веднаш истрчавме сите. Децата беа тепани и малтретирани пред наши очи за нешто што не го сториле, околу 30 луѓе сме сведоци на бруталноста на алфите, изјави пред камерата на НОВА Рамиз Усеинов татко на Арамандо, едно од децата.

Семејствата во шок, случајот го пријавиле во Хелсиншкиот комитет и во невладината организација „Амбрела.“

Во просториите на Амбрела се јави родителот и побара помош бидејќи била употребена прекумерна сила, децата не сториле ништо. Кога не е докажано никакво дело, па дури и да имало дело, децата не треба да се малтретираат и тепаат, вели за Љатифе Шикова од невладината Амбрела.

Во Хелсишкиот комитет, кои дојдоа пред полициската станица каде што се вршеше сослушување на децата, велат дека се на почеток на постапката, но случајот ќе го следат до крај.

– Слушнаве сериозни наводи за злоупотреба на службената положба ,особено на малтретирање од страна на полицијата и тоа за жал на малолетно лице, за што има сведоци и лекарски наоди. На почеток на постапката сме, она што можам да кажам е дека ќе ја следиме во целиот нејзин тек, изјави за НОВА Воислав Стојановски од Хелсиншкиот комитет. .

Во СВР Скопје велат дека немаат пријава за против полициските службеници, но доколку семејствата сметаат дека има пречекорување на службената положба да пријават во Внатрешна контрола на МВР.

Во Хелсиншкиот комитет пак, велат дека ова не е прв случај алфите да ја злоупотребат својата службена положба и да употребат прекумерна сила. Пред месец и половина во Хелсиншки е регистриран уште ден случај на брутално претепување од страна на алфите и тоа на истото место кај црквата Св. Спас. Случајот е пријавен и во Внатрешна контрола на МВР, но надлежните се уште не се изјасниле, ниту покренале било каква постапка против припадниците на алфите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.