НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Роднините и сопругите во неизвесност – никој не знае каде се борците од Азовстал

0
By Sashko on May 31, 2022 СВЕТ
фото: архива од евакуација од Азовстал
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стотици украински борци пред две недели го положија оружјето и ја завршија одбраната на челичарницата Азовстал во Мариупол. Околу 2.400 војници се предадоа на руските трупи кои сега го контролираат пристаништниот град на југот на Украина. Нивните семејства велат дека сè уште не слушнале информации за најблиските и дека не знаат каде тие се наоѓаат.

„Не сум контактирала со мојот сопруг, ниту сум добила било какви информации во последно време“, вели Ана Ивлева, сопруга на Антон, маринец кој беше тешко ранет за време на руските напади на челичарницата Азовстал. Таа додаде дека минале повеќе од месец дена од последниот разговор со него.

„Последен пат разговаравме на 13 април. Неговите браќа по оружје тогаш ми пратија порака дека сè уште е жив“, рече Ивлева.

Иако официјални лица на украинската влада биле во контакт со борците, Ана истакнува дека нема информации каде се наоѓаат војниците од Азовстал и во какви услови престојуваат, пишува „Си-Ен-Ен“.

Таа се надева дека нејзиниот сопруг е жив, дури и ако е во заробеништво.

Руската државна пропаганда за поедини борци од Азовстал вели дека се „нацисти“, па нивните семејства се загрижени за начинот на кои се третирани во заробеништво.

Друга жена по име Јана, чие момче маринец беше во Азовстал, говореше за „Си-Ен-Ен“ под услов на анонимност, истакнувајќи дека е загрижена за безбедноста.

„Ништо не сум слушнала за него. Последниот наш контакт беше на 11 мај“, изјави таа.

Украинската влада не дава никакви информации за тоа каде би можело да биде нејзиното момче.

„Мајката на моето момче беше контактирана од Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Не можам да се сетам кога беше тоа. Само ѝ рекоа дека е жив и тоа е тоа“, наведува Јана.

Друга сопруга на борец од Азовстал, Тетјана рече дека нејзиниот сопруг успеал да ѝ се јави од непознат број по предавањето. Вели дека некои од неговите другари биле задржани во град во областа Доњецк што е под контрола на сепаратистите. „Си-Ен-Ен“ се согласи да не го наведува нејзиното име од безбедносни причини.

„Неговиот глас беше мирен и самоуверен. Рече дека условите во кои престојуваат се добри и дека во наредниот период би можело да им биде дозволено да примаат некакви пакети“, истакнаа таа.

Тетјана рече дека со нејзиниот сопруг разговарала десетина минути и притоа ѝ рекол оти ќе се обиде повторно да ѝ се јави. Меѓутоа, од тогаш не го слушнала.

„Тоа е тоа. Од тогаш нема ниту повик, ниту порака“, вели таа.

Роднините и сопругите на борците од Азовстал во меѓувреме формирале и Совет на мајки и сопруги, со цел да бидат сигурни дека кон нивните најмили се постапува во согласност со Женевската конвенција за воени заробеници.

„Од нас е побарано да молчиме за да не ја влошиме ситуацијата“, изјави Тетјана Хорко, сестра на командантот на маринците, Серхиј Хорко на прес-конференција.

„Не треба да се мисли дека приказната за хероите од Азовстал е завршена. Потребна им е поддршка, треба да ги вратиме дома“, додаде Хорко.

Сандра Кротевич, сестра на првиот заменик командант на баталјонот Азов, Бохдан Кротевич, за „Ројтерс“ изјави дека роднините не знаат што се случува со заробените војници.

„Каде се, што се случува со нив, во каква состојба се, не знаеме. Очекуваме дека Русија ќе се однесува кон нив со согласност со Женевската конвенција и во согласност со меѓународното право, како што Украина се однесува кон руските заробеници“, вели таа.

Наталија Зарицка, сопруга на војник од баталјонот Азов, рече дека била контактирана од Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

„Бев известена дека е регистриран како ја напушта челичарницата, но не добив одговор на ниту едно друго мое прашање – дали сè уште е жив, во каква состојба е, каде се одведени“, истакна Зарицка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.