Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рокот беше до петок, господине Каракачанов

0
By Биљана Секуловска on November 14, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рокот и ултиматумот што го даде Каракачанов до Заев и македонската Влада- до петок да се решите кои сте, или- збогувајте со ЕУ, е веројатно последица на некои други историски вистини, допрва раскажани и дознаени. Тие, нема дилема, влечат корени од театарот на апсурдот на Јонеско, кој сигурно им е одлично познат на бугарските уметнички великани, прилично ценети и талентирани, не само тука, секако дека не само во овој дел на светот.

Но, политичкиот аспект на овој спор, стана првокласен апсурд и поттик за генијално искован сарказам. Оттука, тајните и мистериите за вистината на светот ги има германскиот медиум Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), а можеби и ги нема, но урнебесно станува во секој случај.

Со само неколку заклучоци, ФАЦ анализата за бугарското прекопување по историските вистини вака ја објаснува: „Софија ќе ја повлече заканата за вето само доколку Македонците се подготвени да го преземат бугарскиот историски наратив: притоа, македонската е една „вештачка нација“- наспроти бугарската, која во Софија веројатно ја сметаат за дар од Бога, падната од небото или создадена преку осмоза“.

Токму вака може и да се опише и рокот на Каракачанов, оној до петок- решете кои сте, што сте и зошто воопшто сте, а ако не сте во сето ова исклучиво полнокрвни Бугари, простете се од фактот што милостивиот Бог само нас не создал, тогаш кога сме паднале на теме од небото, директно во биолошките процеси на создавање на осмоза, и сега повеќе и не знаеме што зборуваме, ниту пак тоа го правиме во свесна состојба.

Во сета оваа збрка, хаос и лудило, еден факт е неоспорен- тешко дека може да се тврди дека историските учебници во оваа земја навистина говореле за вештачките креирани нации во 19. и 20. век, каде спаѓаат секако, како дел од Европа, покрај останатите нации кои создале држави, и бугарската и македонската.

Не би можеле да се кладиме ниту дека низ учебниците воопшто се отворале теми за светските дебати, низ модерната историја и политикологија- за иднината на нациите, за нивното постепено изумирање, дали ќе опстојат, или се создаваат различни алтернативи на нивен развој.

Најпознатата дилема, практично спротивставување на тезите за изумирање на нациите, ја отвора Семјуел Хантингтон со неговата легендарна книга- “Судирот на цивилизациите”, која ги става на фронтална линија одбраната на идентитетот- културниот и религиозниот, како примарни причини на нациите за идните судири, како ќе изгледа светот во периодот на пост-студената војна. Оваа книга во исто време претставува одговор на еднакво славната книга на Френсис Фукојама- “Крајот на историјата и последниот човек”.

Фукојама ја слави либералната демократија, човековите права и слободниот пазар како врвен дострел на човештвото и оттука, таа претставува и крај на сите дилеми дали можеби постојат идеолошки алтернативи на демократијата, има ли воопшто подобар, поправеден, поголем систем. Таа книга во исто време е и глорификација на самата срж на демократијата, која Фукојама ја доживува и ја опишува како совршен систем, за што Хантингтон ќе мора да интервенира и да ги соопшти болните вистини за несовршеноста на светот, поточно на човечкиот род. Алчноста, омразата, агресивноста, насилството, расипаноста, во комбинација со етничката лојалност се вистинските причини за крајот на светот. Се чини дека ниту еден политички систем не може да биде доведен до совршеност, ниту пак демократијата тоа може, за да има начин како да се поправат луѓето, нивната природа моделирана и произведувана во менгеловските политички лаборатории. Можеби само може на некаков краток рок да ги забави нивните војни, ѕверства, конфликти, егзодуси, протерувањата на цели нации, терори и геноцид.

Но, не може да сопре лудилото, колку и да се со добра намера вештачки создавани нациите, колку и да фантазираат подоцна дека се создадени од Бога, од амебите и од небото- особено балканските земји, богати во производството на лидери кои низ годините единствено знаеја да сеат национализам, омрази и конфликти. Не ја изоставам Македонија во ова политички осакатено друштво, кога периодот на Груевски го обележува мрачниот дел од нашата историја, која остави тешки последици кај неговите наследници, како што е еден Антонио Милошоски. Македонија и Бугарија сега имаат подобра можност да изберат иднина, но и покрај тоа, каква штета, Европа досега покажува дека се помирила со апокалиптичните предвидувања на Хантингтон, кои секојдневно ни се остваруваат.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.