Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Романите на Агата Кристи претрпеа цензура и бришење на расни референци

0
By Соња Крамарска on March 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем број романи на Агата Кристи се одново напишани поради модерни чувствителности, и во нив се отстранети расистички термини и изменети се делови од текстот, пишува Индепендент.

Веста доаѓа неколку недели откако книгите на Роалд Дал и Јан Флеминг беа слично уредени следејќи ги сензитивните критики.

Мистериите на Поаро и на Мис Марпл претрпеа уредувања така што оригиналните пасуси или се преработени или се отстранети во новите изданија објавени од Харпер Колинс, објави Телеграф.

Овие нови изданија или биле веќе објавени во 2020 година или треба да бидат наскоро објавени.

Телеграф известува за бројни промени на делата од 1920 до 1976 година, при што пасусите што содржат описи, навреди или референци за етничката припадност се изменети – особено за ликови кои не се од Британија.

Променет е и вокабуларот. Терминот „ориентален“, на пример, е отстранет, заедно со други расни описи во некои случаи.

Во романот „Смрт на Нил“, пасусот во кој се опишува црн слуга како насмеан затоа што ја разбира потребата да молчи за некој инцидент, повеќе не кажува дека е Црнец или се смешка. Наместо тоа, тој едноставно „кимнува со главата“.

Во новото издание на романот „Мистерија на Карибите“ (1964), нараторот ги пофалува „прекрасните бели заби“ на еден хотелски работник од Западна Индија. Ова сега е отсечено, заедно со слични референци за „убави заби“.

Истата книга, исто така, повеќе не опишува женски лик со „торзо од црн мермер во кој што би уживал скулпторот“.

Отстранет е и пасус во кој ликот не гледа црна жена во грмушките ноќе.

Дебитантскиот роман на Кристи од 1920 година „Мистериозниот случај во Стајлс“ е изменет така што коментарот на Поаро за друг лик „секако, Евреин“, повеќе не се појавува.

Една млада жена опишана како „од цигански тип“ сега се нарекува само „млада жена“.

Во оригиналната збирка раскази од 1979 година, „Последните случаи на Мис Марпл“, Кристи пишувала за лут судија со „неговиот индиски темперамент“. Ова сега гласи „неговиот темперамент“.

Референците за „домородци“ или се заменети со „локални“ или се целосно отстранети.

Книгите на Кристи беа претходно изменети. Нејзиниот роман од 1939 година И тогаш немаше никој првично беше објавен под друг наслов кој вклучуваше расистички термин.

Минатиот месец беше објавено дека книгите на Роалд Дал исто така се пишуваат одново за да се отстрани јазикот кој се смета за навредлив.

The Queen Consort го принуди издавачот Puffin да отстапи од својата цензура откако интервенираше во спорот околу одлуката за уредување на зборовите на Дал.

Набргу потоа, беше објавено дека романите за Џејмс Бонд на Иан Флеминг исто така се уредуваат, со бришење на расни референци и расистички јазик.

Агата Кристи цензура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.