13 лица загинаа, а 31 се повредени кога автобус со романски регистарски таблички излетал од магистралниот пат Подгорица –Колашин кај манастирот Морача на мостот наречен Грло. Автобусот во кој имало 46 патници околу 15 часот влегол на граничниот премин Добраково.
Автобусот излетал од тунелот, ја пробил оградата на почетокот на мостот и паднал во провалија на 30 до 40 метри од автопатот.
Црногорските медиуми јавуваат дека на местото на страотната несреќа се гледале телата на мртвите патници.
Спасувачките екипи направиле кордон за да се спуштат низ грмушките од каде ги ваделе повредените кои се наоѓаат во многу тешка состојба. Во 19 часот во близина на несреќата пристигнал хеликоптер со медицински екипи од цела Црна Гора.